Му го згрешиле ливчето и фатил 42.400 евра на Рома!

Некој прогнозер во Јамајка кога видел дека во кладилница му го згрешиле типувањето, се затрчал да смени но веќе било касно. И среќа негова што било доцна.

Неверојатна ноќ за многу навивачи на Рома, но и за еден прогнозер. Лудата приказна доаѓа од Јамајка од кладилницата 'JustBet Sports Bet'. Човекот ставил 1.000 долари на својот тикет каде имал 5 парови: Бартон Албион - Хал 2, Бристол Сити - Бирмингем 2, КПР - Шефилс Венздеј 1, Блекпул - Нортемптон 1 и Рома - Барселона која сакал да ја игра двојка но му ја згрешиле и му ја ставиле кец.

Кога на излегување приметил, во паника се вратил во редот но веќе било доцна да му корегираат и да го сторнираат ливчето.

За негова голема среќа зошто Рома ја декласираше Барселона со 3-0 и сензационално отиде во полуфинале од ЛШ а на прогнозерот му донела 52.523 долари или 42.439 евра!