Фудбал

Ладнокрвноста на војникот на Реал

Лукас Васкез е еден од оние фудбалери кои дискретно вршат голема работа и се во служба на тимот. Тој има 32 години, во Реал Мадрид е уште од 2007-ма. Има освоени 4 пехари во Лига на шампиони, 3 титули во шпанска Ла Лига, 1 Куп, 3 Супер Купа на Уефа и три ФИФА Светски клупски првенства. Во финалето на ЛШ 2016 ладнокрвно изведе пенал, а така беше и синоќа во рулетот со Сити.

Само играчишта како Кавани ја земаат вака на прва

Единсон Кавани игра како во транс и има 8 гола на последните 8 меча за Бока Јуниорс. Напаѓач кој отсекогаш го имал оној убиствен инстинкт за гол. Овој пат му донесе триумф на својот тим против Годој Круз, откако ја плесна на прва, без размислување. Кој би рекол дека има 37 години?

На што размислувал Анчелоти за време на пеналите?

Дон Карло е најјак со изјавата после пласманот на Реал во полуфинале. На прашањето што размислувал за време на пеналите, најпросто и едноставно вели вака: „Па не знам на што мислев, не се сеќавам. Се надевав дека ние ќе дадеме гол, а тие ќе промашат“. Цар.

Реакцијата на рускиот коментатор за пеналот на Бернандо Силва

Изгледа за Манчестер Јунајтед навива коментаторов или па можеби е за Реал.

Спринтот со кој Кајл Вокер го изеде Винисиус

Бразилецот од Реал Мадрид важи за еден од најбрзите фудбалери со топка и без топка на денешницата. Ама никој и никаде не го чува како што тоа го прави капитенот на Манчестер Сити Кајл Вокер. Не му дава да мрдне.

Бурното славје на Реал Мадрид по последниот пенал

Дваесет и пет годишниот украински голман Андреј Лунин бранеше сјајно и успеа да го однесе Реал Мадрид со 1:1 во продолженија а потоа на пенали бранеше уште подобро. Решавачкиот пенал го изведе Антонио Ридигер кој погоди за победа и големо славје.

Пенал рулетот за Реал Мадрид, Баерн ја спасува сезоната со ново полуфинале

По спектакуларниот огномет минатата недела, вечерва на „Етихад“ во Манчестер, Сити и Реал одиграа потврд натпревар со само два гола, па следуваа продолженија и сурови пенали. Баерн Минхен по ремито во Лондон 2:2, вечерва го доби реваншот на свој терен и славеше 1:0 против Арсенал за ново полуфинале во Лига на шампиони со кое некако ја вади сезоната во финишот.

Фото на денот

Петмината кои го создадоа или го усовршија мозокот кој ја испиша најубавата фудбалска приказна за оваа сезона и една од најубавите воопшто.

Гужва пред јужна

Градското дерби меѓу Вардар и Работнички викендов се врати онаму каде што му е местото, на Градски. Навивачка атмосфера, песни, Комити, Вршац, пиво, легенди, бивши спонзори и претседатели. Убаво.

Како помина последниот дуел на Сити и Реал на „Етихад“ лани?

Манчестер Сити и Реал Мадрид се сретнале 11 пати низ историјата во еврокупови. Сити има 4 триумфи, 4 меча завршиле нерешено а Реал славел 3 пати. „Кралевите“ минатата година во полуфинале поминаа како „боси низ трње“ и изгубија 4-0 на реваншот откако првиот меч заврши 1:1 на „Сантијаго Бернабеу“. Во големото финале подоцна Сити со 1-0 го победи Интер и ја освои првата шампионска титула во Лига на шампиони. Реал има 14.

Нападот на Вембли

Нетфликс растури со спортски документарци. На 8 мај во етер ќе го пуштат „Attack on Wembley“ кој се однесува на хаосот кој фрли дамка на финалето на ЕП меѓу Англија и Италија кое се одигра на 11 јули 2021-ва. Тоа беше прво финале за Англичаните по 1966-та и прва вистинска надеж за европска титула после светската. Но на Вембли се случија непосакувани сцени откако околу 6.000 навивачи се обидоа насилно да влезат на стадион без карти.

Сигурни сте дека ова му е брат на Чави?

Господинот на сликата се вика Оскар Хернандез, помошник тренер му е на Чави со кој работеше и во Ал Сад. Инаку се работи за постар брат на Чави, факт во кој не верувавме ни 1% сè додека не ни потврди Гугл. 

Гестикулацијата на Араухо по црвениот картон

Барселона имаше сè а на крајот остана без ништо. Реваншот со ПСЖ го играа со прекрасна предност од првиот меч кој го добија 2:3 во Париз, поведоа рано со 1-0 и имаа комфорно водство. Во 29-та минута стоперот Роналд Араухо направи смотан фаул над Бредли Бракола, доби директен црвен картон и од тогаш колата тргна по удолница за Барселона.

Може дресот? Дај 50 евра

Малага пред 10 години играше во Лига на шампиони со Мануел Пелегрини како тренер и тоа стигна до четвртфинале, а сега е третолигаш кој заврши таму после банкрот. До толку се утепани со пари, што им забраниле на играчите да ги подаруваат дресовите. Еден од нив режираше нестварна сцена пред трибина. Му го шитна на навивач за 50 евра.

Шутната ограда, црвениот и расправата на Чави со судијата

ПСЖ ја искористи предноста од играч повеќе по црвениот картон на стоперот на Барселона Роналд Араухо во 29’ минута и до врв ја наполни мрежата на Каталонците (1:4 после пресврт). Тренерот на Барса Чави бурно реагираше во неколку наврати на судиски одлуки а во еден момент бесно ја шутна рекламата кај делегатот поради што доби директен црвен картон. И после мечот се оправаше со главниот судија Иштван Ковач од Унгарија.

Ја видовте ли завршницата на Мората во 4 минута кога излезе пред голман?

По пауза од 11 години, Борусија Дортмунд стигна до полуфинале во ЛШ каде ќе се соочи со ПСЖ. Добија тврд противник кој ретко прима 4 гола и кој можеше да го смети текот на мечот ако Мората не ја испуштеше оваа 100% шанса, која не се промашува на волку важни натпревари.

Нова драмолетка со 11 гола на два меча во ЛШ и елиминација за Барселона и Атлетико

Двата шпански претставници се соочија со дебакл и примија по 4 парчиња на првите две реванш четвртфинални средби од ЛШ. Каталонците поведоа во 12 минута, но во 29-та минута Араухо доби црвен, клучен за нивниот распад од 1:4. Атлетико Мадрид загуби 4:2 во неизвесен натпревар на кој одговори со 2 гола после водството на Германците од 2:0 во првиот дел. Првото полуфинале е Борусија - ПСЖ.

Серијата на Барселона откако Чави соопшти дека ќе замине

Барселона на лето останува без клупска легенда, голем тренерски потенцијал и фудбалски мозок кој многу добро го познава фудбалот. И со веќе најавен отказ на човекот кој ги води, тимот гази и не знае за пораз од 27 јануари. На последните 13 средби на сите натпреварувања има 10 победи и 3 нерешени.

Никола Јокиќ откри што најмногу сака за доручек

Во една реклама за платформа за избор на хотели чие заштитно лице е токму Јокиќ, актуелниот НБА шампион открива свои искуства за престој во хотелите и што најмногу цени кај нив.

Патот до титулата на бајката наречена Баер Леверкузен

Сè почна на 19 август кога ја отворија сезоната против Лајпциг со победа од 3:2. Осум месеци подоцна стигнаа до скор од неверојатни 25 победи, 4 нерешени и 0 порази, со гол разлика 74:19 или освоени 79 бодови, 16 повеќе од Баерн, на 5 кола до крај. Ќе се зборува и прераскажува со години ова нивно ремек дело, кое сигурно веќе служи како инспирација за документарен филм.

Мајстор Хаким Зиеш и не знае поинаку од таму

Јака трка за титулата водат Галатасарај и Фенербахче. Ситуацијата на табела е +2 во корист на првите кои во претпоследно коло се домаќини на нивното соочување. Синоќа Галасарај ја доби Аланијаспор со 0:4, а Зиеш атрактивен во својот препознатлив стил. Голманот само ја гледаше.

Менувај насловната, ја утнавме со Андерсон

По 11 години минати на европска сцена, Фелипе Андресон одлучи да се врати во родниот Бразил каде ќе ја продолжи кариерата. Иако еден познат италијански весник „му одбра“ друга средина.

Двојниот стрелец на Енфилд со голчиште во Серија А

Интересен напаѓач е Џанлука Скамака и не за џабе има 15 настапи за Италија. Откако се врати од Вест Хем на домашно тло, сезонава има 14 гола за Аталанта. Му даде два на Ливерпул на гости во ЛЕ, а синоќа имаше гол и асистенција против Верона (2:2). Како домаќински си ја намести сам, нема бранење ова.