Зошто Златан втората вечер задоцни на Сан Ремо?

Епизода број 2 со легендата на Сан Ремо кој пак се појави со истиот српски хит на најреномираниот италијански фестивал. Нема да верувате што му се случило. Заглавил на автопат и застанал навивач на Милан да го однесе со мотор. 

Златан Ибрахимовиќ пак се појави на Сан Ремо, ама овој пат на епски начин после случка која треба да влезе во топ 5 најјаки анегдоти за него. Налетал по пат на сообраќајна несреќа и му рекол на рандом лик кој бил со мотор, веднаш да го однесе на Сан Ремо.

Внимавајте добро, вистинска е приказнава.

Амадеус: Вечерва Златан Ибрахимовиќ требаше да се појави на сцена во 21:30, но не се појави. Се загриживме и откривме дека автопатот по кој доаѓа Ибрахимовиќ е блокиран поради сообраќајка. Но на крај, тој да се појави во стилот на Стивен Сигал. Сега сам ќе ни раскаже.

Златан: Имаше сообраќајка, се надевам дека никој не е повреден и после 3 часа стоење во место на шоферот му реков да ми отвори врата да се симнам. Видов еден моторист, го застанав и му реков да ме однесе на Сан Ремо. За среќа беше навивач на Милан. 60 километри се возевме на мотор и уште ми е ладно. Имам и видео.

Амадеус: И видео имаш?

Јакото е што типот му признал на Ибра дека прв пат излегува на автопат и дека специјално за него возел до Сан Ремо. Неговата дестинација била до Ливорно.

Амадеус: Еве го, погледнете, 60 километри на мотор.

Златан: За да го спасам мојот фестивал, не твојот.

Амадеус: А вчера каде беше, дома?

Златан: Да, во Милано. Зошто не дојдовте? Требаше да дојдете.

Амадеус: Многу сме, кај може сите да дојдеме.

Златан: Правило број 4: Ако Златан не оди на фестивалот, фестивалот ќе оди кај Златан.

Првата вечер кога се појави, а потоа направи шоу

Пееше во тандем со Михајловиќ

4 март 2021 - 23:33