Зошто Ред Бул Лајпциг е најомразен клуб во цела Германија

Тимот на Ред Бул Лајпциг обезбеди пласман во Бундеслигата, елитното германско друштво, но малкумина во оваа земја се среќни со тоа.

За првпат после 2009. година, еден Источно-германски клуб е во Бундеслигата. Тоа треба да се прослави во овој дел од Германија по цели две децении слабо раководење со клубовите од овој дел. Но само малку прославија. Зошто?
 
Одговорот е едноставен: РБ Лајпциг, кој ќе игра во Бундеслигата пред две недели е најомразениот клуб во цела Германија.
 
Поддржан од моќниот производител на енергетски пијалаци, Ред Бул е предмет на разделба како ниеден друг тим во Европа. За некои, тимот кој се искачи од петтата лига до првата за само седум сезони би можел наскоро да му биде конкурент на Баерн Минхен. Сепак, навивачите на другите клубови од Бундес и Втората лига не можат да се помират со тоа како со пари преку ноќ некој ја руши традицијата. РБ Лајпциг е формиран како наследник на петтолигашот ССВ Макрахштад во 2009. година. Дитрих Матешиц, основачот на клубот вели дека го остварил сонот да го внесе клубот во германската фудбалска империја.

Дитрих Матешиц, газдата на Ред Бул во друштво на Даниел Рикардо

Речиси сите клубови во Германија се водат според правилото 50+1, кое што им дава право на навивачите членови на клубот да одржуваат рамнотежа во управата. Да станеш член на Ред Бул треба да платиш 800 евра, 10 пати повеќе отколку што треба да платиш за членска во Баерн Минхен. До денес, Лајпциг има само 17 членови со моќ на одлучување. Критичарите не се согласуваат со тоа.
„Мојот тим Локомотив Лајпциг беше основан да игра фудбал. РБ Лајпциг е формиран за да прави пари. Да продава енергетски пијалаци“, вели еден стар навивач на стариот клуб.
И не е кивен само тој, туку и другите клубови кои толку го мразат модерниот РБ Лајпциг што им ветиле на своите навивачи дека нема шанси да играат пријателски против РБ Лајпциг пред почетокот на сезоната. Навивачите ширум Германија го навредуваа овој клуб, а најмногу се истакнаа ултрасите на Оје кој го споредиле газдата Дитрих Матешиц со Хитлер и навивачите на РБ Лајпциг со Нацистите. Кога РБ минатиот август гостуваше кај Унион Берлин, домаќините во скриптата за дуелот ја претставиле историјата на противникот со 700 зборови.
 

Од друга страна, не смее да се запостави фактот дека Лапјциг е местото на раѓање на германскиот фудбалски сојуз. 27 години по паѓањето на Берлинскиот Ѕид, Истокот немал многу претставници во Бундеслигата. Критичарите велат дека Источно-германските клубови пателе од лошата асимилација на старите горди клубови во пост-комунистичката ера („не се даваме така лесно“).

Оние кои позитивно гледаат на Ред Бул Лајцпиг велат дека симпатизерите на овој клуб не заслужуваат таков презир на секој чекор и дека не се насилни, туку само сакаат да гледаат елитен фудбал кој се враќа во нивниот град.

Младинската школа на Лајпциг е импресивна. Имаат играчи кои играат за сите младински категории на репрезентацијата на Германија. Таму игра и помладиот брат на Сами Кедира, а играше и Џошуа Кимик кој сега е стандарден првотимец во Баерн Минхен и Германија. И покрај тоа, Ред Бул Лајпциг целата сезона имаше само двајца фудбалери од Источна Германија и само еден кој доаѓа од градот Лајпциг.

Клубот е напаѓан и поради агресивната трансфер политика, затоа што купуваат деца по 15-16 години со тоа што им ветуваат многу пари. На крајот, тимот предводен од легендарниот Ралф Рањик е бундеслигаш, без разлика кој што мислел, велат новокомпонираните навивачи на овој клуб. Покрај нив во Бундес ќе игра и Фрајбург.