Зошто клучниот играч на Милан стално го поздравува татко му

Милан има прилично лош почеток на сезоната, екипата е во пад на форма после неколку порази, но во секое лошо има и добро па така Росонерите во Франк Кеси добија големо засилување и неочекуван лидер.

Франк Кеси неколку пати во дресот на Аталанта и Милан прави традиционален гест кој за жал има трогателна смисла. Во 5. коло од Серија А, Милан на „Сан Сиро“ го победи СПАЛ со 2:0. Дебитантите во Серија А двата гола ги примија од пенал а вториот го реализираше играчот од средниот ред на Милан, Кеси.

Веќе има оригинална прослава на голот - војнички поздрав а на прашањето од каде идејата за овој гест вели:

„Татко ми беше познат фудбалер во Брегот на Слонова Коска, но потоа го викнаа во армијата. Умре од болест кога имав само 11 години. И сега кога давам гол го правам овој поздрав во негова чест“.

Сезонава Франк кој е дефанзивен играч за врска постигна два гола. Во Милан е на 2-годишна позајмица од Аталанта вредна 8 милиони евра а Росонерите имаат и право на откуп за 20 милиони евра.

5 октомври 2017 - 10:11