Зошто големите холандски бисери го носат бројот 34?

Ајакс редовно вади ретко талентирани фудбалери од својата школа, а генерацијата на Џастин Клајверт и останатите редовно се сеќава на нивниот омилен другар кого го поддржуваат во тешката животна состојба.

Филип Сандлер има 21 година. Ја поминал најдобрата фудбалска школа за светот - на Ајакс а потоа преку холандскиот клуб Цволе стигна во Манчестер Сити.

Кога го потпишувал договорот со Сити, барал да го добие дресот со број 34. Последен играч кој го носел тој број во Сити беше Најџел Де Јонг во 2012 година.

Иако му е сонародник, Де Јонг не му е идол на младиот Сандлер. 21-годишниот стопер кој дебитираше за Сити неодамна во Купот на Англија против Ротерам, на времето во младинците на Ајакс играл со Абделхак „Аппи“ Нури.

Абделхак беше голема надеж на европскиот фудбал и требаше да стане голема ѕвезда, но на 8 јули 2017 година на пријателска против Вердер Бремен ненадејно падна на теренот.

Брзо го префрлиле со хеликоптер во најблиската болница во Австрија и таму го хоспитализирале. Нури неколку дена беше во кома, а на крајот се постави дека имал сериозни повреди на мозокот и тој од тогаш е во вегетативна состојба.

Голем број Холанѓани му пружија поддршка и нудеа помош по социјалните мрежи а навивачите на Ајакс направија неколку акции во негова чест.

Абделхак играл со бројот 34 на дресот.

„Нури, безусловно беше најнадарениот фудбалер со кого некогаш сум играл“, изјавил лани Сандлер.

Во чест на „Апи“, стоперот го носи бројот 34.

Исто е и со Џастин Клајверт, големата надеж на Рома кој фудбалски порасна во Ајакс. Минатото лето за 19 милиони фунти дошол во Рим. Џастин во Холандија играл со бројот 45 но по преселбата во Италија се решил за 34.

Покрај нив двајца, бројот 34 во чест на Нури носат и Амин Јунес од Наполи како и Кевин Дикс од Фиорентина.