Знаете ли дека Бен Једер од Севиља играл футсал за Франција?

Фудбалерите на Севиља синоќа со 3:0 го испрашија рускиот Краснодар и како убедливо први во групата се пласираа во нокаут фаза од Лига Европа.

Најзаслужен за триумфот беше шпицот Висам Бен Једер кој во 5’ минута од мечот го отвори резултатот, а после само асистираше и ги разигруваше колегите.

Бен Једер растел во северното предградие на Париз, Сарсел, каде има бегалци и мигранти од разни земји. Таму имало многу Алжирци (таму растел и Ријад Марез), имало Тунижани (каков што е Бен Једер), Мароканци, Египќани, Евреи и многу други. Сите бегале од различни војни. Висам бил четврто од шест деца во неговото семејство и често бил препуштен сам на себе.

Така имал слобода да игра фудбал и после неколку години влегол во екипата за мал фудбал „Гарж Жибсон“. Тренерите биле восхитени од техниката на Бен Једер кој лесно ги дриблал противниците и местел одлични голови.

Еднаш Бен Једер имал скршеница на десната нога и морал да носи гипс, но се појавил на тренинг бандажиран. Не можел да седи на клупата и да гледа, па им кажал на соиграчите да му подаваат на лева нога.

Затоа денес е еден од ретките универзалци кои играат со двете нозе.

„Кога има мал простор, Висам се служи со техника од футсал: прво има добра контрола, втора тргнува кон голот и шутира. Неговиот прв гол против Манчестер Јунајтед во пролетта 2018 во Лига на шампиони беше како од футсал“, се сеќава Тони Естеве, генералниот директор во првиот клуб каде Висам играл мал фудбал.

Бен Једер пробувал да игра и голем фудбал, но далеку поуспешен бил во сала на мал фудбал. На трева играл голем фудбал во четвртата лига за полу-професионалниот клуб „Алфорвил“.

На крајот од 2009-та година добил дури и повик да настапи за футсал репрезентацијата на Франција. Тоа била легендарна сторија.

Бен Једер го викале во репрезентација пред самиот пат за Чиле. На аеродромот „Шарл де Гол“ во Париз се испоставило дека Висам нема француски биометриски пасош, туку само обичен туниски.

„Висам плачеше од мака, а јас брзав до перфектура (до полиција) и во 16 часот следниот ден неговиот пасош ми беше во раце. Во 21.00 Бен Једер беше во авионот и отпатува за Чиле“, се сеќава Естеве.

За репрезентацијата на Франција во мал фудбал Висам Бен Једер одиграл 6 меча и завршил затоа што решил да се посвети на големиот фудбал.

Во четврта лига дал 9 гола и имал 10 асистенции. Еден од работниците во клубот Алфорвил го предложил Бен Једер во Лил но таму го одбиле. Набрзо се јавил Тулуз кој го викнал на проба.

Понатаму се е историја: 15 гола во првенството за Тулуз, премин во Севиља и статус на еден од најинтересните напаѓачи во Франција.