Здравствениот билтен на Арсенал

Ако во Премиер лигата некој е малер за титули, тоа е Арсенал кој нема освоено од 2004-та. Ако некој е малер за повреди, тоа е повторно Арсенал кој нема на располагање 8 првотимци. На Емирати сè е по старо.

Топџиите загубија во првите две кола во ЛШ од Динамо Загреб и Олимпијакос и си го искомпликуваа патот до осминафиналето, а синоќа добија шлаканица во Лига купот од Шефилд Вендздеј.

Работите за Арсен Венгер од вчера станаа уште потешки бидејќи освен што доживеа елиминација од второлигаш, му се повредија Тео Волкот и Алекс Окслејд Чемберлен. Критиките се упатени до него бидејќи не му дал доволно време на Волкот да се загрее кога требаше да го смени Волкот.

Овие двајца фудбалери им се придружија на повредените Микел Артета, Давид Оспина, Арон Ремзи, Томас Росицки, Дани Велбек и Џек Вилшер. Со тоа Арсенал е прв по бројот на повредени играчи во Премиер лигата.

Вилшер минатата сезона беше во аут од ноември до април, а според Трансфермаркет тој пропуштил 100 меча за Арсенал од 2009 година. Докторите одлучија да му прават операција за да се реши неговиот проблем.

Велбек за 6 сезони во Манчестер Јунајтед беше отсутен поради повреди 113 дена, а додека беше на позајмица во Сандерленд 25 дена.

Откако англискиот репрезентативец лани пристигна на Емирати, 165 дена е дел од повредените играчи, а веројатно ќе биде таму уште 100 дена. Тој нема шутнато топка 4 месеци.

28 октомври 2015 - 15:55