Зборовите на Бонучи пред Милан - Шкендија

Клупскиот канал на Милан го објави видеото и откри како новиот капитен на тимот ги мотивира своите соиграчи пред мечот од баражот за Лига Европа против Шкендија кој заврши 6-0 во корист на италијанскиот тим.

Леонардо Бонучи, најголемото засилување на Милан летово за само неколку дена ја доби големата привилегија да стане капитен на тимот. Лентата ја носеше уште на дебито против тетовска Шкендија во квалификациите за Лига Европа.

За тоа колку ќе му значи на Милан, најдобриот италијански дефанзивец покажа уште пред почетокот на мечот кога ги собра во круг сите соиграчи на средината од тернеот и им одржа говор.

Вработените во клупскиот канал на Милан успеале да му ги прочитаат сите зборови од усните:

„Мора да се почне оваа авантура. Како? Единствени, сите заедно, затоа што мора да го вратиме Милан на врвот затоа што Милан е важен... Зошто Милан е важен зошто тука е Ѕапата, тука е Кеси, тука е Сусо, тука е Мара, тука е Никола, затоа што сме и мораме секој ден да растеме како екипа, сконцентрирана екипа, обединета екипа, мора да играме единствени и секој дуел да го играме како екипа. Да се бориме за екипата и да победиме како екипа! Форца!“

Милан за првпат по 1993 година постигна шест гола на еден натпревар од европски рамки и речиси сигурно обезбеди пласман во групната фаза на ова натпреварување. Реваншот Шкендија - Милан се игра на 24. август (четврток) во 20:45 часот.