Затоа се пази што се тетовира со странски букви, би ви рекле ѕвезди на Интер и Ливерпул

За време на една прослава на гол на Аргентинецот Лаутаро Мартинез, неговиот повисок сонародник Жоакин „Ел Туку“ Кореа го гушнал. На таа фотографија грчките медиуми приметиле тетоважа со букви од грчката азбука. Тој сакал да истетовира збор „слободен човек“ (ελεύθερος) ама истетовирал збор „бесплатно“ (δωρεάν).

Така е тоа кога правиш тетоважи од Гугл транслејт, а не добро да прашаш некој Грк, пишува најпознатиот грчки спортски медиум Gazzetta.gr.

Дваесет и седум годишниот аргентински центарфор од Интер се решил на врвот на раката да истетовира збор слободен (како слободен човек), а употребил збор кој има неколку толкувања (бесплатно, гратис итн).

Жоакин „Ел Туку“ Кореа (27) од 2015-та година игра во Серија А. Настапуваше во Сампдорија, па беше во Севиља после што се врати во Италија и потпиша со Лацио (92 меча, 22 гола). Од 2021 е во Интер на позајмица. 

Грчкиот медиум потсетува дека уште поголема забуна со огромна, видна тетоважа направил Бразилецот Фирмино од Ливерпул кој на своите гради напишал „Бог е верен“ наместо „Верувам во Бог“.

18 јануари 2022 - 09:09