За колку пари Гатузо би изел полжав?

За да ги набројат сите глупоштини и заебанции со Гатузо од златното и шампионско време со Анчелоти, фудбалерите на Милан треба да седнат на целодневно интервју, а веројатно и тоа би било малце. Последната анегдота ја раскажува Ѕамброта кој вели вака:

„Се сеќавам на една кладба која Гатузо ја направи со Каладзе пред цел тим. Одиме сабајлечки на тренинг и гледаме на терен полжав. Каладзе му вика на Рино: Ќе ти дадам 5.000 евра ако го изедеш полжавов. Гатузо: 5.000 а?. Го зема и го изеде“.

9 април 2019 - 12:44