За да освоите ЛШ мора да имате Бразилец во одбрана

Селекцијата на Бразил е синоним за Пеле, Роналдо, Ривалдо, Ромарио, Роналдињо, Нејмар, Кака и останатите фудбалери специјалисти за дриблинг. Арно ама оваа земја вади и врвни дефанзивни фудбалери кои секоја година се со пехар од Лига на шампиони во раце.

Љубителите на статистика знаат да извадат податоци кои нема шанси да ги забележи обичен гледач на фудбал. На тема Лига на шампиони таа овој ни носи податок кој вели дека од 2009-та наваму сите клубови кои ја освоија, имале барем по еден Бразилец во одбрана. Така ќе биде и сезонава.

Барселона 2009: Силвињо

Интер 2010: Мајкон и Лусио

Барселона 2011: Дани Алвеш

Челси 2012: Давид Луиз

Баерн Минхен 2013: Данте

Реал Мадрид 2014: Марсело

Барселона 2015: Дани Алвеш

Реал Мадрид 2016: Марсело и Данилo

Полуфиналисти во 2017:

Реал Мадрид – Марсело

Атлетико Мадрид – Фелипе Луис

Јувентус – Алекс Сандро и Дани Алвеш

Монако - Жемерсон