Вокер фино се снајде, ама се сеќавате ли што направи на гол дефанзивец на Лудогорец?

Со оглед на тоа што минаа пет години од дебито на Лудогорец во ЛШ, можеби некој заборавил како изгледаше тоа неповторливо сценарио за влез во групи. Работата ја реши романски дефанзивец против романски клуб, ама со ракавици на раце.

Лудогорец го доби Динамо Букурешт во реванш плејофот за влез во ЛШ со 1:0, колку што загуби на првиот дуел.

Прво голот го постигна во судиско, второ во продолженијата им бранеше дефанзивецот Козмин Моци, бидејќи голманот доби црвен при три измени.

И третото и најјако, мораше да брани при изведување на ударите од белата точка. Фати два и на тој начин му обезбеди историско учество на Лудогорец во Лига на шампиони.

Моци се разбира стана култен херој меѓу навивачите од Разград, газдата на клубот реши една од трибините на стадиониот да ја крсти по него, а Европа го смета мечот за еден од драматичните во историјата на ЛШ.

Навистина лудо и незаборавно.

7 ноември 2019 - 15:49