Се знаат цените на влезници за Европско првенство 2020

Европската фудбалска унија (УЕФА) преку својот сајт соопшти информации околу влезниците за Европското првенство 2020 година. Ако Македонија го мине плејофот и обезбеди учество, ќе може да се следи за пристојна цена на карти.

За првпат во историјата, едно Европско првенство ќе се игра во 12 градови. Летото 2020 година, домаќини на најдобрите репрезентации од континентот ќе бидат: Амстердам, Баку, Билбао, Букурешт, Будимпешта, Копенхаген, Даблин, Глазгов, Лондон, Минхен, Рим и Санкт Петерсбург.

УЕФА денес ги објави цените на влезници за натпреварите во секој град. Според прикажаното, цените се поделени во две групи. Во едната се Амстердам, Билбао, Копенхаген, Даблин, Глазгов, Лондон, Минхен, Рим и Санкт Петерсбург, а во другата се Баку, Букурешт и Будимпешта.

Во првата група, цените за трите различни категории влезници се движат од 50 евра (трета категорија), 125 евра (втора категорија) и 185 евра (прва категорија, со место најблизу до теренот).

Втората група, во која по цени на влезници се Баку, Будимпешта и Букурешт вредноста оди од 30 евра за трета категорија, 75 евра за втора категорија и 125 евра за прва категорија.

Ова значи дека цената на картите за Европското 2020 ќе бидат двојно поскапи од оние за претходното ЕП 2016 одиграно во Франција каде најевитните билети чинеа по 25 евра.

Цените на влезници за финалето на „Вембли“ изнесуваат од 95 евра до 945 евра.

Првиот прозор за продажба УЕФА го отвора на 12 јуни и тогаш во продажба ќе биде пуштен најголем контингент од влезниците за ЕП2020. Овој прозор ќе трае до 12 јули годинава и сите карти ќе бидат продавани преку лотарија, со цел секој да има еднаква можност да ја добие својата карта. Подоцна ќе може да се купува во август и декември годинава.

Европското почнува на 12 јули 2020 година со натпревар на стадионот „Олимпико“ во Рим.

За потсетување, Македонија ќе игра во полуфиналето на плејофот на Лига на нации против Косово на 26/27 или 28 март на домашен терен. Ќе се одигра еден меч а победникот на 29/30 или 31 март ќе игра против победникот од мечот Белорусија - Грузија.

Победникот на финалето на плејофот ќе обезбеди директен пласман на Европското 2020-та година.

21 мај 2019 - 15:55