Во Њујорк има Статуа на слободата, а во Малме поставија статуа на Златан

Во 2016 година Ибрахимовиќ се пошегува дека нема да замине од ПСЖ под еден усов: ако наместо Ајфеловата кула во Париз, се појави негова статуа. Набрзо замина во Манчестер.

Златан е еден од најомилените ликови во Шведска. Во ноември 2016 година Шведската фудбалска федерација нарачала изработка на споменик во чест на Ибрахимовиќ, кој 10 години по ред беше биран за најдобар играч на оваа земја.

Тогаш Златан дури и позираше крај статуата.

Првично, оваа голема статуа требала да се постави пред стадионот „Френдс Арена“ во Стокхолм, местото на кое Ибрахимовиќ го постигна оној лудачки гол со ножички од пола терен против Англија.

Но подоцна, на барање на јавноста решиле статуата да ја пренесат во Малме, градот во кој Ибрахимовиќ се роди и ја почна фудбалската кариера.

Во вторникот во Малме и официјално ја отворија статуата. Златан, излеан од бронза, тежи 500 килограми. Висината на статуата е 2,7 метри.

„Одиш во Њујорк и ја гледаш Статуата на слободата. Доаѓаш во Шведска и ја гледаш статуата на Златан“, во свој стил изјави легендарниот Ибракадабра.

Потоа стана посериозен:

„Овој настан е важен за секој човек. Секој, како потребна поддршка, за сила, енергија, просто гледате во статуата и тргнувате кон неа. Таа е доказ колку може да успеете, ако верувате во себе. Јас не сум избран, ниту посебен. Јас се борев и верував во себе“.

„Еднаш отидов кај Хенрик Ларсон и го прашав што прави, како работи. Ми одговори едноставно: 'Никој нема да ти го каже патот, сам треба да го најдеш'. Јас морав да најдам рамнотежа, ми требаше да бидам самоуверен и да го најдам сопствениот пат. Во сите аспекти решив да останам свој“.

Златан ги потврдува овие зборови ден денес. На 29 меча во американската МЛС има 30 гола и 7 асистенции. Договорот со Галакси му истекува на 31 декември 2019 година, а тој рече дека е спремен да се врати во Манчестер Јунајтед ако им е потребен.

 

9 октомври 2019 - 11:56