Во меѓувреме да видиме што коментира Балотели на Инстаграм

Додека неговата земја ја газеше Ерменија 9:1, за него синоќа беа побитни првите три букви од глаголот “газеше“, отколку да го гледа историското издание на Италија. Тој и се насука на Инстаграм на неговата бивша, Рафаела Фико на која и го остави следниот коментар: „Мајко мила каков г`з“. Мислиш уште 19 години има, а не 29.

Преку 3.000 лајкови доби и плус знае дека ќе го пренесат сите италијански медиуми, ама ако он да си констатира нешто кое уствари веќе го знае. Марио Балотели и натаму останува Марио Балотели.

19 ноември 2019 - 13:46