Во ФФМ имаат свој предлог за името на Македонија

Во рамки на квалификациите за Европско првенство У-19, фудбалската репрезентација на Македонија гостуваше кај Луксембург У-19. Победивме 0-3, ама победија и луѓето од ФФМ кои го вршеа преносот на мечот. Според нив N. Macedonija играла против ЛуксеНбург.

На страна ова, нашите млади момци успешно ја минаа првата фаза од квалификациите за Европско. Втори се на табела со 4 бода, зад Англија која има максимални 9. Исто 4 бода има и Босна и Херцеговина, но Македонија има подобра гол разлика.

Интересно, нашите надежи имаа шест гола негатива во однос на Босна и Херцеговина, но денешниот триумф од 0-3 плус победата на Англија од 4-1 над Босна ни донесе пласман во главната рунда квалификации за ЕП2020 во Северна Ирска.

19 ноември 2019 - 15:12