Приказната за Томас Стракоша

Во 8 во кревет во 9 на тренинг пред магационерите, диско ни на сон

Иако има само 23 години, Лацио веќе трета година му дава силна доверба на Стракоша на позиција на која царуваа имиња како Маркеџани и Перуци. Има тука тато помогнато по албанска линија преку Таре, ама позицијата ја држи заслужено со квалитет и пред сè со маратонска работа од 8 часа на ден и многу жртви.

„Томас доаѓаше на тренинг пред магационерите. Чекаше сам пред капија. Потоа одеше во теретана, па пак тренинг, па ручек“.

А после тоа?

„После на втор тренинг, па одново во теретана. Навечер си легнуваше во 8 и стануваше со петлите, па во 9 беше веќе на тренинг. Таков беше и кога одеше на вечера со соиграчите и стручниот штаб. Тренеру јас ќе дојдам, но во 8 ќе си бегам, бидејќи сабајле треба да станам рано за на тренинг“.

Ете вака се калел и се челилел до скоро анонимниот голман кој произлезе од младинскиот сектор на Лацио, а за тоа сведочи и раскажува Кристијан Феранте, првиот негов тренер во Италија откако станал член на Лацио Примавера.

Го знае од 2012-та кога го земале од Паниониос на 17 години. Како и многу деца на таа возраст и тој за прв пат се нашол на проба далеку од дома. Имал добри физички предиспозиции, но големи проблеми околу техниката и емотивната страна.

„На Таре му беше како син, бидејќи е пријател со татко му Фотак кој исто така беше голман и имаше 73 настапи за репрезентација, а сега работи како тренер на голманите во академијата на Лацио. Ми рече добро да го оценам. Ангажирањето на Томас во прв тим е мајсторијата на Лацио, на Инѕаги, но и на тренерот на голманите“.

Фаранте имал можност да работи со него две години и од тоа што го забележал кај него, го нарекува амблем на паролата „никогаш не се предавајте“.

„Беше неверојатен работник и тоа не убеди дека треба да го задржиме и покрај тоа што во разговор со Таре бевме свесни дека имаме голмани на ниво. Имаше силна желба да докаже и пред себе, но и на татко му дека може да стигне далеку. Единственото средство кое го знаеше беше работа и само работа“.

Живееше на Формело и доаѓаше на тренинг пред сите. Потоа решивме да му ги дадеме клучевите за да тренира сам. Со мене работеше наутро по неколку часа, по тоа не одеше во школо како другите и остануваше на терен. После секој тренинг го бараше истото. Сакам уште тренеру, уште. Тренираше по 8 часа на ден, бидејќи беше гладен за да се награди и да успее. Првата година имаше тешкотии и не играше 4-5 месеци, но потоа го стававме во игра и му го видовме прогресот“.

На почеток со него работевме и на самодовербата, бидејќи кога ги правеше првите грешки плачеше и секоја минимална грешка ја доживуваше лошо. Но потоа со тек на време стана посилен и на тоа поле, а најсилна особина сега му е смиреноста. Тоа го има наследено од татко му“, раскажува Феранте.

Покрај смиреноста и желбата за многу работа, Стракоша важи и за студиозен голман кој анализира како шутираат пеналџиите.

Минатата сезона му фати пенал на Дибала во 96-та минута и излезе херој на гостинската победа на Лацио против Јуве од 1:2, а вчера остана на средина и му одбрани силен удар на Наинголан во последната серија на пенали која му припадна на Лацио кој се избори за полуфинале во Купот на Италија.

„Стракоша е пример за сите, а Инѕаги направи одличен потег што му даде доверба толку млад“.

Томас пред 6 години со помош на познанството на татко му со Таре, пристигнал на проба во Рим, и избегнувал вечери со соиграчите со изговор: Утре треба да станам рано и да тренирам, ама цел ден.

Со таа пожртвуваност сега на 23 години може да се пофали дека веќе трета сезона ги носи истите ракавици со што ги носел Перуци и плус има право да оди на тренинг после магационерите.

1 февруари 2019 - 16:14