Вие да не се договарате или?

Па не би рекле, бидејќи големи ривали се, очи ќе си извадат, така што сè е ова една екстремно ретка коинциденција, особено меѓу два клуба од ист град во Серија А.

Кога се пишува за Рома и Лацио, асоцијацијата е ривалство, црвени картони, кошкање на терен, инциденти меѓу навивачите, големо полициско обезбедување и сл.

Но овој пат не сме тука за тоа, туку за една случајност која веројатно ретко кој ја забележал. Овие две римски екипи играат во одлична форма во првенство и во период од една седмица (недела – среда – недела) остварија по три победи.

И двете екипи имаа по два тешки противници, но без разлика на тоа исходот вели вака. Рома и Лацио во последните три кола во Серија А победувале со идентични резултати.

Дојде Лига Европа во четврток и знаете што се случи. И двете екипи загубија, ама со ист резултат. Знаете кога ги примија головите за пораз од 2:1? Во 95-та минута, ама и двете екипи. .

И уште нешто. Последниот пораз на Рома во првенство датира од 25 септември, а на Лацио знаете од кога? 25 септември. Ова ниту било, ниту ќе биде.

8 ноември 2019 - 15:32