Квалификации за Лига на шампиони

Вардар ако го мине Малме пак ќе патува во Скандинавија

Во случај Вардарци да се радуваат после реваншот против Швеѓаните во Струмица во вторник, следен предизвик веројатно ќе им биде данскиот првак Копенхаген кој има високи 3-1 од гостувањето против словачка Жилина.

На денешната ждрепка во Нион, фудбалерите на Вардар како евентуален противник во следната рунда го добија победникот од дуелот Копенхаген - Жилина. Првиот меч меѓу овие два тима заврши со победа 1-3 на Данците на гости, така што Вардар доколку го мине Малме веројатно одново ќе патува во Скандинација, овојпат близу Малме, до Копенхаген.

Славија Прага - Бате Борисов/Алашшкерт
Спартакс Јурмала/Астана - Марехамн/Легија Варшава
Зрињски/Марибор - Хафнарфјордур/Викингур
Жилина/Копенхаген - Вардар/Малме
Линфилд/Селтик - Дандалк/Розенборг
Хапоел Бер-Шева/Хонвед - Жалгирис Вилнус/Лудогорец
Виторул - АПОЕЛ/Дуделанж
Хибернијан/Салцбург - Ријека/Њу Сеинтс
Карабак/Самтредија - Шериф/Кукеши
Партизан/Будуќност - Олимпијакос
ФК Стеауа Букурешт - Викторија Плзен
Ница - Ајакс
Динамо Киев - Јанг Бојс
Аек Атина - ЦСКА Москва
Клуб Бриж - Истанбул Басакшехир

На првиот натпревар на 25/26 јули Вардар би играл на гости, а реваншот во Македонија би бил на 1/2 август.

14 јули 2017 - 15:18