Уапсен е Мишел Платини за наместениот мундијал во Катар

Од 24 членови на извршниот одбор на ФИФА кои ја донесоа одлуката СП 2022 да се игра во Катар, 16 добија метла. Чисто како факт кој треба да се надоврзе на денешната вест за француската фудбалска легенда.

Мишел Платини е уапсен и приведен во Париз како дел од истрагата за мито и корупција околу доделувањето на Катар да биде земја домаќин на СП 2022.

Тој се сомничи дека примил поткуп за да го даде својот глас за Катар и со тоа влијаел врз конечниот исход на гласањето.

Катар стана домаќин на СП 2022 на контроверзен начин со многу обвинувања за поткуп на гласови и дури 16 од вкупно 24 луѓе од ФИФА кои гласаа се суспендирани, а дел се под истрага.

Телеграф пишуваше дека Платини се сретнал меѓу 30 и 50 пати со претседателот на азиската фудбалска федерација, Мохамед бин Хамам, кој инаку е доживотно суспендиран од фудбалот токму поради купувањето на гласови.

Славниот француски фудбалер беше дел од извршниот комитет на ФИФА од 2002-ра до 2015-та кога заедно со Сеп Блатер добија 8 годишна суспензија. Првиот човек на ФИФА на нелегален начин му исплатил 2 милиони долари за консултантски услуги меѓу 1998-ма и 2002-ра година за што и самиот Платини призна.

Тој поднесе жалба прво до етичкиот комитет на ФИФА, а потоа и до Судот за спортска арбитража во која бараше целосно укинување на суспензијата, но и двете институции одлучија само да му ја намалат на по 2 години.

4 годишната суспензија му истече во март годината. Платини не беше задоволен и одлучи да си поднесе оставка од претседателската функција на УЕФА која му траеше од 2007-ма до 2015-та.

Француските медиуми пишуваат дека утринава без апсење, туку само на сослушување бил повикан и Клод Геан кој му е поранешниот советник на Никола Саркози.

18 јуни 2019 - 11:37