Лига Европа

3 продолженија на 4 меча, Манчестер Јунајтед чекор поблизу до Скопје

Првпат во историјата на европските натпреварувања во четвртфинале на три од четири меча се играа продолженија. На крајот среќата на страна на: Aјакс, Јунајтед и Лион кои ѝ се придружија на Селта Виго. Златан тешко се повреди на крајот од мечот.

МАНЧЕСТЕР ЈУНАЈТЕД - Андерлехт 2-1 (1-1)
/Михтарјан 10’ Рашфорд 107’ (продолжение) - Хани 32’/

Незгодната повреда на Златан при доскок:

Бешикташ - ЛИОН 2-1 (1-1), на пенали 6-7
/Талиска 27’, 58’ - Лaказет 38’/

Пенал серијата:

Генк - СЕЛТА ВИГО 1-1 (0-0)
/Тросарт 67’ - Систо 63’/

Тимот од Галиција за првпат ќе игра во 1/2 финале на европско натпреварување:

Шалке - АЈАКС 2-0 (0-0), после продолженија 3:2
/Горецка 53’, Бургшталер 55’, Калигури 100’ (продолжение), Виергевер 107’ (продолжение), Јунес 120’ (продолжение)