Три минутна носталгија со Реал и Манчестер

Во пост фудбалската еуфорија од Супер Купот на Европа кој здравје понатаму можеби ќе се понови кај нас, налетавме на една легендарна средба од финалистите од пред 17 години, која заврши со 7 гола од кои 3 се на Роналдо, ама оној без коса.

Оние што не се одлепуваат од телевизор во вторник и среда кога оди Лига на шампиони, веројатно ќе се присетат за што правиме муабет. Лига на шампиони, четвртфинале, втор натпревар, Олд Трафорд, 2003-та година.

Сер Алекс Фергусон имаше тешка задача, бидејќи неговиот колега од спротива Висенте Дел Боске гостуваше со добар резултат од 3:1 од првиот дуел. Задачата да се возврати ударот имаше уште една тежина плус, а тоа е формата на Роналдо кој дојде со прецизен нишан.

Конечниот резултат беше 4:3 со хет-трик на Роналдо кој му донесе три пати водство на својот тим. Победата на домаќините беше пирова, бидејќи се соочија со елиминација од вкупни 5:6.

Во составот на Реал активни играчи беа Зидан и Карлос, кои во Скопје беа со други функции. Снимката е празник за очи, особено головите на Роналдо.

10 август 2017 - 16:28