Тренерот на Челси ги остава цигарите поради татко му

За одличниот италијански стратег Маурицио Сари (59) и неговата страстна пушачка навика летово се пишуваше повеќе отколку за неговиот стил на игра, необичниот живот и тренерскиот пат.

Сари во Премиер лигата стигна со сознанието дека на ниту еден стадион не е дозволено да се пуши во клупските простории, ниту доле во подтрибинскиот простор, па реши да џвака цигара додека неговите играчи се борат за бодови.

Англиските медиуми неофицијално објавија дека понекогаш Сари пушел од 3 до 4 кутии или 80-ина цигари на ден!

„Кога татко ми слушна дека сум добил понуда од Челси, ми кажа да одам во Лондон без одложување. Тоа беше права одлука“, изјавил Сари за неаполскиот весник Il Mattino.

Во однос на пушењето и советите од татко му, Сари вели:

„Татко ми ми рече да ги оставам цигарите барем додека сум овде во Англија. А тој е единствен човек кој макар на пет минути може да ги заниша моите убедувања“, признава Маурицио.

На мечот со Њукасл тој во устата држеше филтер од цигара иако и тоа е забрането на стадионите во Англија. Свесен дека го крши правилото поранешниот тренер на Наполи и Емполи одлучил да се бори со зависноста така што на натпреварите ќе доаѓа со пластични филтри за цигари.

Не му е лесно, му се пали цигара му се плаче, ама како игра Челси од стартот на сезонава, нема да има мака и ако ги остави цигарите.

Приказната за фудбалскиот пат на Сари тука.

11 септември 2018 - 11:38