Топ 5 голови на Македонија во квалификациите за ЕП

Со оглед на тоа што квалификациите завршија, а полуфиналето во Лига на нации против Косово е дури на 26 март, преостанува уште да се потсетиме какви голчиња брцнаа момците на Ангеловски во циклусот што заврши.

Изборот го направивме за наша душа по следниов редослед. Од прилика топ листата ќе му дојде вака:

Место број 5: Пандев vs Летонија, пред сè затоа што Елмас и Барди убаво ја изработија одбраната.

Место број 4: Адеми vs Израел, затоа што ретко постигнуваме гол од прекин, а Адеми тоа го направи како да е расен голгетер. Ја закова во агол, а голманот не мрдна.

Место број 3: Елмас vs Словенија. Кој беше на Градски уживаше во ноќта резервирана за Елиф Елмас кој пружи брилијантна партија пред 20.000 гледачи. Акцијата одлично ја почна Несторовски, а потоа Пандев и Елмас имаа маестрално двојно проигрување.

Место број 2: Барди против Летонија. Головите од далечина се иста така реткост, како оваа шајка на Барди

Место број 1: Елмас против Летонија. И за да го одбереме најдобриот гол на нашите репрезентативци, требаше да се навратиме на првиот меч одигран во Скопје на 21 март, а тоа е се разбира мајсторскиот лоб на фудбалот на Наполи. Коментаторот офкаше.

22 ноември 2019 - 14:49