Тинејџерот кој лажел дома дека ќе оди на финалето на ЕП меѓу Англија и Италија

А можел да праша, не се до толку строги неговите колку што мислел. Врвно изненадување му направија откако го открија.

Џо има 16 години, а во Лондон летово имаше златна можност да гледа финале на Европско и тоа на неговата Англија против Италија.

Малиот се сомневал дека сам нема да го пуштат од безбедносни причини, па отишол на картата дека “ќе ја гледа дома кај другар“.

Но на големото финале и целата таа еуфорија околу „It's coming home“, се разбира им претходеше фешта низ град, која не се пропушта и на која бил и Џо.

На фотографиите од навивачите кои завршиле на вестите на БиБиСи, меѓу момците кои штрчат во црвен дрес се гледа, погодете кој? Џо.

Неговите го откриваат и со помош на сестра му, размислуваат што да му купат за роденден и доаѓаат до генијална идеја.

Спомен од финалето и тоа голема фотографија во рамка, спремна за на ѕид, онаа која го издаде дома.

Кој е тој на сликата бе сине? Патлиџан се направи во образите.

16 септември 2021 - 14:22