Татко му на Стерлинг бил убиен па затоа Рахим истетовирал автомат

Еден од најдобрите фудбалери на Манчестер Сити и на репрезентацијата на Англија има неколку тетоважи, а последната му е автомат М16 на десната нога поради што на Островот се кренала голема врева.

Судејќи по фотографиите, тој ја направил на почетокот од мај а можеби и порано. Англиската јавност обратила големо внимание на спорната тетоважа сега кога Стерлинг јавно ставил фотографија на Инстаграм од тренингот со Англија на кој се гледа тетоважата.

Тетоважата можеше да се види уште на прославата на титулата на Манчестер Сити на почетокот од мај.

Спорната тетоважа не им се допаднала на многу луѓе а најгласна била извесна Луси Коуп од организацијата „Мајки против оружје“ која рекла дека Стерлинг е лош пример за многу негови фанови. Таа побарала Рахим да биде исфрлен од репрезентацијата ако не ја отстрани тетоважата:

„Тетоважата е одвратна. Стерлинг треба да се срами за тоа. Совршено е неприфатливо такво нешто“.

The Sun излегол со насловна страна: „Стерлинг си пукаше во нога“

А во одговор на критиките се огласил и самиот фудбалер на Манчестер Сити кој кажал што означува тетоважата:

„Кога сум имал две години, татко ми го застрелале. Си ветив себеси дека никогаш нема да допрам оружје. Шутирам со десна нога па затоа тетоважата има длабоко значење.“

Рахим Стерлинг ќе игра на Светското во Русија летово. Неговата репрезентација е во група со Тунис, Панама и Белгија. Мундијалот започнува на 14 јуни.

Рахим Стерлинг е роден во дистриктот Маверлеј во Кингстон, главниот град на Јамајка - познат крај по вооружени судири и сиромаштија. Неговата мајка го зела него и сестра му Лакима и емигрирале во Лондон кога Стерлинг имал шест години затоа што состојбата во нивната населба во Кингстон била неподнослива. Во Лондон се преселиле близу стадионот Вембли.

Но ниту северо-западен Лондон не бил рај, па Стерлинг брзо го префрлиле во посебно училиште затоа што правел сериозни проблеми во првото. Фудбалот го спасил од улицата. Кога Рахим имал 10 години, еден наставник му кажал: „Ако продолжиш вака, на 17 години или ќе играш за Англија или ќе завршиш во затвор“.

Некои застанале во одбрана на Стерлинг: