Тамам решивме компир да садиме, стигна одлука за фудбал

Од Осогово пак го насмеаа цел регион, откако ја збунија јавноста во земјава со објавени фотографии на кои се гледа како го преорале теренот.

Македонскиот второлигаш Осогово одигра бледа прва полусезона и пред паузата поради глобалната пандемија беше на претпоследно место со само 6 освоени бода (16 кола, 14 порази, 2 победи) и пред испаѓање. Но фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) во меѓувреме одлучи да нема испаѓање сезонава, така што истите клубови ќе ја сочинуваат Втората лига (Исток и Запад)

Ова решение убаво им дојде на Кочанчани.

Комичниот Твитер профил на овој клуб твитна фотографии на кои се гледа изоран терен, спремен за компир, пипер, домат.

„Не, не е за тоа. Помошниот терен на нашиот главен стадион ќе добие нова трева и нов лик, за да квалитетот на главниот терен биде сочуван за натпревари“, објаснија од Осогово.

А во еден коментар на социјалните мрежи додаваат:

„Таман се спремивме за сеење и оп останавме и следната сезона во лигата“.

Шегата стигна до многу регионални медиуми меѓу кои РТС, B92, Večernji list и други.

2 јуни 2020 - 10:35