Талентот на Барселона кој поради анксиозност пропушти злато на Европско

Во разговор за Гардијан, најмладиот дебитант во историјата на Барса, стрелец на 900 гола во младинските категории и освојувач на два пехари во Лига на шампиони, ја отвори својата душа.

Шпанија, неговата родна земја е една од петте земји каде играше: започна во Барселона каде имаше историско деби а потоа се селеше во Рома, Милан и Ајакс. Во 2014 дојде во Стоук пред да го пратат на позајмица во Мајнц и сега во Алавес.

Освои четири шампионски титули со Барселона и два пехари во ЛШ. Стана Светски шампион со Шпанија и играше со најдобрите фудбалери на сите времиња. Даваше голови во Ла Лига, Серија А, Ередивизија, Премиер и Бунеслига. Неверојатен фудбалски пат, па оттука звучи необично кога вели дека имал сериозни проблеми.

Фудбалот му донел сè, но кога на 17 години „го фрлиле во оган“, притисокот и очекувањата на околината го направиле своето. Му се јавиле анксиозни напади поради кои не беше дел од златната Шпанија на Европското 2008.

Бојан Кркиќ и Бускетс го слават триумфот во Купот 2009

Во ситуација кога целиот притисок, тензија и очекувања од зависта која доминира, тој тешко се носел со стресот.

„Не смееш да дозволиш да влијае врз тебе но тоа не секогаш е лесно. На оние од нас кои се посензитивни, кои имаат чувства, им треба добар штит. Фудбалерите многу млади се изложени, дури и под 15 години, играчите имаат Твитер и сигурен сум дека уште од сега ги навредуваат... Грдо е, ги грди општеството и фудбалот“.

Бојан иако има само 27 години веќе може да зборува за животно искуство. Тој на 23 години дојде во Стоук и изгледа како да поминало многу време откако ја напушти Барселона. Во краток временски период му се случиле многу работи. Кога наполни 17 години дебитираше во Ла Лига и го сруши рекордот на Меси - чијшто наследник требаше да стане.

„Сè се случи многу брзо. Во фудбалски услови беше добро но не и лично. Морав да живеам со тоа што луѓето зборуваат дека кариерата не ми беше како што се очекуваше. Кога се појавив беше „Новиот Меси“. Мене да ме споредуваш со Меси... каква кариера можеш да очекуваш? Има многу работи кои луѓето не ги знаат. Не отидов на Европско 2008 поради анксиозност иако рековме дека ќе одам на одмор. Ме викнаа за Шпанија против Франција кога требаше да дебитирам и кажа дека имам гастроентеритис а јас имав панични напади. Но никој не сака да зорува за тоа - фудбалот не е заинтересиран“, искрено вели Кркиќ.

’Ајде тогаш да зборуваме. Важно е’, му вели Сид Лав, главниот спортски новинар на Гардијан а Бојан ја продолжува својата исповед:

„На 17 години животот ми се смени целосно. Отидов на Светско првенство У-17 во јули и никој не ме знаеше уште. Кога се вратив не можев да излезам на улица. После пар денови дебитирав против Осасуна а три или четири дена подоцна играв и во Лига на шампиони. После дадов гол против Виљареал па Шпанија ме повика (во февруари 2008). И се беше добро но главата ти се полни додека телото не каже ’доста е’.

Анксиозноста влијае различно кај секого. Зборував со некој што имаше, чувстуваш како срцето да ти чука 1.000 пати во минута. Јас имав вртоглавица, константно не ми беше добро, 24 часа на ден. Имав силен притисок кој не престана. Добар бев кога влегов во соблекувалната пред Франција но наеднаш почна страв, паника и ме легнаа на физио клупата. Тоа беше првпат но имав гадни епизоди пак. Има лекарства, психолошки третман да се надминат бариерите што ги доживуваш, стравот. Сè започна во фебруари и траеше дури до летото. Кога дојде Европското решив да не одам, сакав да се изолирам.

Сите во федерацијата знаеа: И селекторот Луис Арагонес и спортскиот директор Фернандо Јеро. Токму тој ми праќаше пораки секоја недела да праша како сум и дента пред да го објават списокот за Европско ми заѕвонија: ’Бојан, ќе те викаме да знаеш’. Бев во кола, одев на тренинг. Си реков: ’Боли многу да признаам, но не можам’. Стигнав до Камп Ноу и Карлес Пујол беше таму. Ми рече: ’Бојан, ќе бидам покрај тебе цело време, јас ќе бидам до тебе не се грижи. Му реков: ’Пуји, не можам. На лекови сум, многу сум обземен. И следниот ден на вести имаше: ’Шпанија го викна Бојан но Бојан кажа не’.

 „Таа вест ме уби, испадна како да не ми е гајле. Се сеќавам дека бев во тренинг базата во Мурсија и луѓето ме навредуваа. Не знаеа, мислеа само дека не сакам да играм за репрезентација. Тоа беше тешко иако во тој момент навистина не ми беше гајле што викаат луѓето. Најмногу ме повреди што веста првично дошла од Федерацијата. Како може да ме викаш ако ден претходно зборуваш со мене, знаеш како ми е и излегуваш со мене на списоко? Се осетив многу осамен. А уште има луѓе кои ме прашуваат: „Зашто не отиде тогаш на Европско“?

’А зошто не раскажа отворено’?

„Бев исплашен. Бев болен. Беб обземен. Не знаев кај терам. Се сеќавам имаше едно интервју за Барса ТВ каде кажав како ми треба одмор. Сфатив дека не беше најисправно, но на тие години не знаеш дека бомбата веќе пукнала па се обидовме да го гасиме оганот. Чувствував како да сакам да избегам а не можам. Десет години подоцна кога ќе погледам зад мене, реакцијата од тогаш не ме изненадува. Луѓето патат да признаат кога работите не одат добро а на фудбалот не му е гајле“, искрено признава Бојан.

Околу него требаше да се гради една нова генерација. Во негово отсуство Шпанија ја доживеа најуспешната ера во историјата. Тоа се случи четири години по неговото заминување од Камп Ноу. Бојан Кркиќ играше за шест клуба во седум сезони од тогаш.

„Лесно беше да се остане во Барселона и да не играш но јас морав да змаинам. Можеби некогаш требаше да бидам потрпелив но секогаш искрен пред себе носев одлуки. Сакав да играм. Имаш свој пат - Италија, Холандија, Германија, Англија - но Барселона условуваше се. Луѓето не те вреднуваат туку викаат: ’Дај да видиме ако Бојан може да се врати во најдобра форма’. А која е таа најдобра форма? Секоја сезона го достигнував нивото, понекогаш почесто некогаш поретко но секогаш бев на ниво. Еднаш луѓето ми рекоа дека можеби ќе добиев повеќе ако бев hijo de puta, a cabrón (кучкин син, безобразен), но реков не можам и кога пробав да играм поглавна улога на теренот се изгубив комплетно“.

На тренинг во Алавес, неговиот сегашен клуб, тренира заедно со Мунир Ел Хадади со кого беа заедно во Барселона.

„Капитенот на Алавес знае да каже: ’Гледајте, овде имаме четири титули од Лига на шампиони’. По финалето на ЛШ во 2009 зборував со Тиери Анри и тој кажа: ’Дојдов овде да ја освојам мојата прва Лига на шампиони.’ А јас си помислив: „Вау, дечково кој е апсолутен цар, својата прва ЛШ ја освоил на 30 и некоја а јас имам 18. Има играчи што никогаш ниту играле во Лига на шампиони, така што се чуствувам привилегирано“, ја завршува својата исповед Бојан.