Светски познат фудбалер кој станал келнер за да преживее

Еден од подобрите напаѓачи на Уругвај, Дарио Силва се прослави во шпанската лига, посебно во Малага и Севиља каде постигна преку 40 гола на 115 меча. Во 2006 доживеа тешка сообраќајна несреќа после што му ја ампутираа ногата.

Кога фудбалот не може да ти пружи втора шанса, тука е животот кој ќе ти подаде рака. Вака накратко може да се опише приказната на Дарио Силва, уругвајскиот фудбалер кој со фудбал почнал во Дефенсор, а потоа својот талент го докажал и во најславниот уругвајски клуб Пењарол каде во само една сезона постигнува 27 гола на 44 натпревари.

Тоа било препорака да го бараат од Европа па така Дарио во 1995 година оди во италијанскиот Каљари. Во Серија А се задржува три години, а подоцна почнува неговата богата кариера.

Со настапите за Еспањол, Малага и Севиља се стекнува со статусот „најубиствен центарфор од Уругвај“ којшто не ги респектира ниту Барселона, Реал Мадрид, Атлетико и Валенсија.

Во 2005 година решава да се проба и во Англија, поточно во Портсмут каде адаптацијата не му тргнала добри и на 13 меча постигнал само 2 гола.

Најтешките моменти во животот, кога едвај останува жив се случуваат во 2006-та година. Во една тешка сообраќајна несреќа во Монтевидое со неговиот џип излетува од патот и удира во бандера. 33-годишниот Дарио Силва тогаш заработил тешки повреди и скршеници а најсериозно му била оштетена десната нога која подоцна, за жал морале да му ја ампутираат.

Откако го пуштиле на домашно лекување, Дарио од Италија добива протеза на десната нога со која барем малку му се олеснува движењето.

Во разговор за шпанската емисија Jugones de la Sexta, Силва искрено вели: „Парите? Ми ги собраа сите мои менаџери. Го оставив фудбалот пред време затоа што татко ми ми кажа дека му остануваат три месеци живот. Потоа следуваше собраќајката, но добро е можеше да биде многу полошо“.

По целосниот опоравок, Дарио Силва се вратил во својата Малага каде ден-денес живее и работи како келнер во една пицерија. Не се жали и изгледа добар. Носи пици и пива, малку криви на десната страна поради протезата.

„Не се жалам, одиме понатаму“, заклучува тој.

Со репрезентацијата на Уругвај играше на Светското првенство 2006 како и на Копа Америка во 2004-та. На 49 меча за националниот тим постигнал 14 погодоци.