Страшен гол на Кејн против Јувентус од пола терен

На седмото издание на Меѓународниот Куп на шампиони на кои играат некои од најголемите светски клубови, Тотенхем го доби Јувентус со 3-2 со гол на Хари Кејн буквално од пола терен.

Претходно Јувентус направи пресврт со головите на Игуаин и Роналдо, а стрелци за Тотенхем беа уште и Ерик Ламела и Лукас Мура.

22 јули 2019 - 08:10