Сторија за фудбалскиот пат на Давиде Астори

Дискретен херој. Човек за кого големиот Џиџи Буфон вели дека имал витешки вредности. Тивкиот капитен Давиде Астори тивко го напушти овој свет.

Вреден и пристоен

Роден е во местенцето Сан Џовани Бјанко во околината на Бергамо (Ломбардија) коешто има околу 4.800 жители. Во детството со брат му двајцата играле за локалниот клуб Понте Сан Пјетро. Давиде таму се задржал кратко, а Марко неколку години ја носел капитенската лента на провинцискиот тим, кој иронично го ставил слоганот: „Ние сме најдобрата екипа во Бергамо ако не се смета Аталанта“.

Тренерот од тој период Стефано Тасис го памети Давиде како: „Пристојно дете. Уште тогаш се истакнуваше со импресивна конституција и талент.“ Марко Астори кога го опишувал карактерот на својот брат, рекол: „Како брат ми влегува на терен? Тивко и дискретно. Целосно комфорно се чувствува само со своите стари другари“.

Клубот Сан Пелегрино бил филијала на славниот Милан, па така Давиде како најталентиран стопер во генерацијата, на 14 години заминал во пионерите на Милан во сезоната 2001/2002. Од Милано како што е редот со повеќето млади фудбалери заминал на позајмица во тимот Пицигетоне во Серија Ц1.

За третолигашот одиграл 27 пати и го постигнал првиот гол во сениорска конкуренција. По враќањето во Милан, клубот решава да го прати на калење во Кремонезе екипа која штотуку се пласирала во Серија Б. Во дресот на Кремонезе Астори запишал 33 натпревари но тимот на последното скалило во плејофот против Читадела не успеал да избори промоција во Серија А. Петгодишниот престој во Милан бил проследен со неколку позајмици.

Веќе докажан како одличен и стабилен стопер потпишува договор со Каљари за 1 милион и 200.000 евра во 2008. година. Давиде Астори дебитираше во Серија А пред десет години: првите чекори во сениорскиот фудбал ги направи во Каљари. Таму брзо се адаптирал и го поминал патот од новајлија до капитен и миленик на навивачите. За Каљари одигра 178 меча во Серија А и Купот на Италија.

Германска педантност и претприемништво

„Жителите на Бергамо и Сардинија се многу слични - на почеток се внимателни и сомничави, но кога ќе го запознаат човек одблизу стануваат многу топли и искрени“, рекол еднаш Астори.

Тогашниот тренер на Каљари Масимилиано Алегри го викал Давиде ’Германецот’ - за неговата педантност на тренинзите.

Во Каљари се појавила уште една неочекувана црта на Астори, фудбалер да се занимава со бизнис. Давиде вложил пари во театар под отворено небо, кафе-слаткарница и ресторан за вечера со поглед на плажите на Сардинија.

Дизајнер

„Страст на брат ми му беше архитектурата и бизнисот“, раскажувал Марко. Дома кај Давиде често можело да се види детално дизајнирани, стилски плакари. Давиде често одел на изложби по современ дизајн. Самиот го проектирал ентериерот на своите ресторан и кафуле.

Астори сакал да слуша музика од блуз-рокерот, екстравагантниот Лучано Лигабуе кој во младоста играл фудбал во нисколигашот Карегезе.

Давиде сакал патешествија во животот: за време на одморот во Виетнам се запознал со идната жена Франческа Фиорети: „Зборувавме често за патувања, за земји кои ни се допаѓаат. Така и почнавме да се среќаваме“, се сеќава моделката Франческа Фиорети.

Триаголникот со Таре и Лотито

„Римската волчица“ го доведе од Сардинија за 2 милиоини евра. Во Рим Давиде Астори забележа 30 настапи и еден гол како и деби во Лигата на шампионите на „Олимпико“ против ЦСКА Москва. Но потписот со Рома го следеа многу епизоди пред се поради ривалитетот меѓу римските клубови.

Трансферот од Каљари во Лацио веќе бил договорен, кога на телефон се слушнале спортските директори на двата клуба и кога на Игли Таре му е кажано дека Рома понудила повеќе.

Каљари ја прифатил понудата на тимот на тогашниот тренер Руди Гарсија, Игли Таре го нарекол тој трансфер „низок удар под појасот“, а претседателот на Лацио Клаудио Лотито бил уште пожесток: „Со должна почит кон Астори, но тој не е Диего Марадона“.

Од „Вечниот град“ оди во Фиренца, градот на уметноста. Фиорентина за неговиот договор одвоила 4 милиони евра а во виолетовиот дрес Астори дебитираше токму против Милан кога победи 2-0 (Давиде дебитирал од клупата за резерви)

Интересно е што самиот Астори прифатил да премине во Рома без да знае за непријатните епизоди кои следуваат. На крајот од последната сезона за Каљари, центарфорот на Рома Матија Дестро во еден дуел со сета сила намерно го удрил Астори по лице и наместо Давиде да падне на земја, Дестро одглумил фаул.

Подлоста и глумата подоцна комисијата ги видела и Дестро го казниле четири меча.

Навивачите на Рома го паметат Астори по одлични интервенции во одбраната, но и по чистиот гол против Удинезе кога судиите не го признаа погодокот по ударот со глава:

Лидер

Во април 2016-та година Фиорентина предводена од Португалецот Пауло Соуза загуби од Емполи. Астори после мечот бурно реагирал во соблекувалната каде дремеле безволните играчи. На тренерот му замерил што ја загубил контролата над екипата.

На следниот меч против Удинезе Астори седна на клупата: тоа беше казна од тренерот. 

Есента истата година после ремито со аутсајдерот Кротоне, Астори бил единствен којшто застанал пред новинарите да одговара на сите прашањеа: „Игравме ужасно, нема никакво оправдување“.

Новиот тренер Стефано Пиоли не го казнувал Астори за неговата искреност и доследност - напротив, го ставил капитен на екипата по заминувањето на Гонзало Родригез во Аргетина. Пред еден од решавачките мечеви минатата сезона стори се сретнал со тифозите на „Виола“: тие му зборувале на новиот капитен за историските натпревари на Фиорентина и му дале капитенска лента со разните реони од Фиренца.

Интересно, Давиде Астори играл за У-18 на Италија, во младинската до 21 година не го викнале, но затоа во 2011-та селекторот Чезаре Прандели го повикал во А репрезентацијата. За „Аѕурите“ дебитирал во пролетта 2011-та во Киев на пријателска средба против Украина. Астори го замени повредениот Киеилни но не го доиграл мечот до крај: добил два жолти картони и бил исклучен. Најомилениот дрес го носел 14 пати. Во 2013-та го викнале во составот за Купот на Конфедерации каде Италија стигна до полуфиналето а Астори постигна гол против Уругвај за 3. место на турнирот.