Стоперот на Астон Вила кој живеел со скитници, пропуштил две години поради повреда, сега ќе игра за Англија

Тајрон Мингс (26) го импресионирал Гарет Саутгејт со игрите во Премиер лига, па решил да му даде повик за квалификациите за Европско првенство 2020. Тајрон првпат ќе игра за Англија, а неговиот животен и фудбалски пат е просто неверојатен.

Во 2015 година перспективниот дефанзивец потпишал договор со Борнмут кој играше во Премиер лига. Тренерот на Борнмут Еди Хау сакал Тајрон Мингс да биде главен стопер во тимот, но Мингс на првиот официјален натпревар ги повредил лигаментите и пропуштил речиси една година надвор од фудбалот.

Во септември 2016 се вратил, но човекот кој го замени, Чарли Дениелс веќе стана еден од најдобрите леви дефанзивци во Премиер. Мингс во 2016 одиграл само 7 натпревари и за жал во есента 2017 пак тешко се повредил и поради повреда на грбот пропуштил 220 дена.

На Твитер тогаш побарал некој ако знае центар за психолошка помош.

„Кога дознав за своето колено и сфатив колку долго ќе отсуствувам, мислите ми отидоа надвор од контрола. Не сакав да станам од кревет, не сакав со никој да зборувам, не сакав да јадам, не сакав ништо да правам за опоравок. Кога се видов со тренерот и му кажав за проблемите, тој рече дека ми е потребна помош. Но секогаш беше тешко да се почне разговор. Ако можам некому да помогнам, тоа ќе биде најдобро искористено време“, рекол за англиските медиуми.

Во 2018 Мингз пак изгубил конкуренција од 32 годишниот Дениелс, па на зима го пратиле на позајмица во Астон Вила каде станал најдобар играч и се вратил со клубот во Премиер лига.

Вила решила да го купи за 26 милиони фунти, а тој станал омилен фудбалер на навивачите. После пеколот и чистилиштето стигнал во рајот. Добил повик од селекторот на Англија Саутгејт.

„Искрен да бидам, прво мислев дека е пранк. Кога ми се јави администраторот на репрезентацијата Емили и реков: „Оди по ѓаволите! Извинете за овие зборови. А таа ми одговори: „Не се шегувам“. Сфатив дека не е шега кога продолжи разговорот“, раскажал Мингз.

ЖИВОТ СО БЕЗДОМНИЦИ

Тој немал баш среќно минато. На 20 години кога играл за Ипсвич поминал Божиќ во друштво на бездомници, им дал карти за натпреварите, им купил храна и нова облека зошто знаел колку им значи тоа. Го познавал тој начин на живот.

„Јас сум живеел со бездомници. Сум бил во ситуации кога на луѓето им требала помош. Не паметам колку години точно имав, но памтам дека имаше два кревети а живеев со трите сестри и мајка ми. Ние делевме кревети, а мајка ми спиеше на фотелја.
 

Мајка ми се разделила од својот партнер после лоши односи. Живеевме кај него, но еднаш мораше да заминеме. Немавме каде да одиме, завршивме на улица. Домот за скитници беше единствено место за спас. Памтам како сега дека беше ужасно, имаше заеднички тоалет, заеднички тушеви и машини за перење. Таму немаше баш најпријатни луѓе и искуството беше лошо.“

На осум години Тајрон заминал во академијата на Саутемптон, но во еден момент го избркале. Играл за школската екипа и таму го забележале луѓето од Ипсвич. Тренерот Мик Мекарти бил импресиониран од малиот и го задржале. Од тогаш почнал неговиот макотрпен пат.

„Конечно многу сум среќен затоа што мојот пат беше долг. Секој Англичанец сонува да игра за репрезентацијата. Но и секој има свој пат. Некои дечки исто се пробија многу тешко од аматерски лиги“, завршува Мингз.