Спектакуларниот еврогол на Роналдо на кој Канизарес беше само гледач

Не е ова некој официјален натпревар кој има резултатска важност, ама затоа се работи за меч на кој Кристијано Роналдо го постигна еден од најубавите голови од слободен удар во кариерата. Можеби ќе се присетите на оваа бомба. Само 22 години има тука.

Во средина од март 2007-ма, Манчестер Јунајтед славеше 50 годишнина од нивното учество во УЕФА натпреварите и по тој повод одигра пријателски натпревар против избран тим на Европа.

Во бандата на Фергусон покрај Роналдо настапија и Руни, Гигс, Сколс, Смит, Ричардсон, Невил...а влезе и Енди Кол на 36 години. Требаше и Бекам да игра, ама се повреди неколку дена пред мечот.

Тимот на Европа беше составен од имиња како Ибрахимовиќ, Пирло, Гатузо, Ларсон, Џерард, Карагер и други предводени од Марчело Липи.

Ревијалниот натпревар го доби Манчестер со 4:3. Два гола даде Руни, ама сите зборуваа за ова ремек дело на Кристијано Роналдо. Канизарес не мрдна.

Плус има и снимка од сите допири со топката на Роналдо кој одигра 45 минути.