Солунски ПАОК: „Драга УЕФА, следен пат директно дајте ни го Ајакс“

Откако трет пат во само неколку години им паѓа холандскиот шампион Ајакс во квалификациите за Лига на шампиони, луѓето кои го водат твитер профилот имаа интересна порака до сама УЕФА.

Во сезоната 2010/2011, на средина на летото 2010-та година грчкиот претставник во квалификациите за Лига на шампиони ПАОК за противник го доби Ајакс.

Мечот во Амстердам заврши 1-1, реваншот во Солун 3:3, па Холанѓаните отидоа понатаму поради повеќе голови на гости.

Грчкиот клуб немаше к’смет ниту на ждрепката во 2016-та година кога постоеше можност да им се паднат далеку поподносливи противници (Стеауа, Јанг Бојс, Спарта Прага, Ростов, Андерлехст итн.), ама им го извлекоа Ајакс.

И пак како шест години претходно, првиот меч заврши 1-1, а на реваншот, после 88’ минути игра резултатот беше 1-1, а кога требаше да се стигне до продолженија, Класен постигна гол кој го однесе Ајакс во Лига на шампиони.

Минатата година ПАОК налета на Бенфика и на првата средба на гости извади 1-1 во Лисабон. Се понадеваа Грците, ама после 8 дена, Бенфика ги прегази со 1-4 во Солун и отиде во следната рунда. Денес во седиштето на УЕФА се влечеа паровите и потенцијалните парови за 3. рунда од квалификациите во новата сезона во Лигата на шампионите.

На ПАОК му се падна Ајакс. Првиот меч е во Солун на 6 август, а реваншот во Амстердам седум дена подоцна. Ваквиот епилог на ждрепката „ги принуди“ луѓето од грчкиот клуб да твитнат: „Драга УЕФА, следниот пат извлечи ги сите други тимови, а нас директно со Ајакс“

Дали грчкиот клуб ќе има трета среќа или полуфиналистот на Лига на шампиони кои суреди екипи како Реал Мадрид и Јувентус ќе ја оправда фаворитската улога, останува да се види.