Сите голови од Светското на едно место

На Светското првенство паднаа 169 погодоци на 64 натпревари или во просек по 2,64 гола по натпревар. Во Москва се одигра и најефикасното финале од 1966 година (финалето тогаш завршило 4-2 но после продолженија).

После Мундијалот во Русија ќе остане и податокот дека дури 43 одсто од головите паднаа после прекин (вкупно 73). Имаше и 12 автоголови.

Се досудија 29 пенали од кои 22 беа прецизно реализирани. Само еден меч заврши 0:0 (Франција - Данск во групната фаза)

Најмногу голови даде Белгија - 16
Најмногу голови прими Панама - 11
Најстар тим беше Исланд со просек од 30 години и 149 дена
Најмлад тим беше Нигерија (25 години и 62 дена).

Најдобар стрелец кој ја доби Златната копачка на Светското беше Хари Кејн кој постигна шест голови (три од пенал). Второто место на листата најдобри стрелци го делат Кристијано Роналдо, Антоан Гризман, Ромелу Лукаку, Денис Черишев и Килијан Мбапе со по четири.

Колумбиецот Јери Мина постигна дури три гола со глава.

Белгија имаше дури 10 различни стрелци на гол со што го израмни рекордот на Франција од 1982 година и Италија од 2006. Голови за бронзената Белгија даваа: Лукаку (4), Азар (3), Фелаини, Вертонген, Чадли, Мертенс, Де Брујне, Муние, Батчуаји и Јанузај).