Симпатичен гест на фудбалерите на Израел за време на химната во Шкотска

Пред почетокот на мечот во Единбург во Лига на нации, неколку репрезентативци на Израел приметиле дека децата кои стојат покрај нив мрзнат на силниот ветер па ги соблекле јакните и им ги дале да се стоплат.

Минатата недела и Вирџил ван Дајк го покри девојчето кое стоеше до него на теренот пред мечот Холандија - Франција, а Вилијан го облече малото дете до него.

Ваквиот топол настан значи многу особено ако се знае дека огромен дел од навивачите на Селтик отворено ја поддржуваат Палестина во конфликтот со Израел и дека редовно на секој меч вадат палестински знамиња и организираат донации за оваа земја. На израелските репрезентативци политиката не им одиграла пресудна одлука.

22 ноември 2018 - 09:52