Што ви се криви па коментаторите на МТВ?

Во цело ова едно месечно светско фудбалско уживање полно со емоции и неизвесности, мора да се најдат и по неколку црепови кои од недозреаност и неукост и од што не знаат како да се изглупираат, им се обраќаат директно на коментаторите на МТВ на мизерен начин.

Актуелните колеги од МТВ од кои дел претходно беше уживање да се слушаат како ја пренесуваат Премиер лигата на А1, 20 години ни пренесуваат Светски и Европски првенства во фудбал, потоа ракомет, кошарка, Зимски и летни олимписки игри и ред други спортови.

Додека ние лабаво со пивце и кикирики ги следиме натпреварите, а тие од студио (за жал) се потат да извршат колку што е можно подобар, поинтересен и позабавен пренос, некои се дрзнале на спортскиот новинар Драган Николовски на ваков начин да му се обратат.

Дечките имаат знаење, стаж и искуство за тоа што го работат. Ако не ви се допаѓаат пуштете си некој руски канал или гледајте си фудбал на стрим. Ова е недолично однесување.

9 јули 2018 - 11:38