Што имаат заедничко Неста, Перуџа и 14 мај

Кој би рекол во 2000-та година дека Алесандро Неста еден ден ќе стане тренер на Перуџа, клубот на кој сега има шанса да му се заблагодари за една професионално завршена работа во едно големо невреме за кое секогаш ќе се зборува во Рим.

Месец мај носи посебно возбудливи фудбалски приказни, бидејќи тогаш се спушта завесата во речиси сите првенства и тогаш се водат последните битки за трофеи, излез во Европа и опстанок.
 
Годинашната борба за Скудетото беше многу поинтересна за разлика од претходните кога Јуве глатко ги освои титулите, а неизвесноста започна на 22 април кога Наполитанците среде Торино го совладаа Јуве со гол во последна минута.
 
Тој миг малку потсеќа на сезоната 1999/2000, бидејќи Јувентус и тогаш на неколку кола до крај загуби на домашен терен 0:1, исто така со гол со глава, но запишан од Диего Симеоне кој тогаш играше за Лацио.
 
 
Титулата тогаш се решаваше во последното коло на 14 мај 2000-та. Лацио ја пречека Реџина, а Јувентус и гостуваше на Перуџа. Јувентус 71 бод, Лацио 69.
 
И 18 години подоцна навивачите на Лацио го слават Калори, фудбалерот кој во 49-та минута беше единствениот кој на тоа дождливо време успеа да го пронајде патот до голот.
 
 
Лацио - Реџина 3:0, Перуџа - Јувентус 1:0. Главниот судија Пјерлуиџи Колина почека дождот да прекине, па затоа мечот во Перуџа почна подоцна и финишираше во 18:04 часот, моментот кога Лацио ја почна да ја слави титулата.
 
Судбината или коинциденцијата сакаше капитенот на Лацио, Алесандро Неста токму на овој датум по 18 години од Мајами да замине во Перуџа каде веднаш почна со тренинзи. Кој знае какви слики му се враќаат во глава. Фали уште Калори да го земе како асистент тренер.
 
Еве ја таа трилер завршница за титулата

15 мај 2018 - 13:21