Шоу на Елмас во стилот на Марадона за Наполи

И покрај тоа што не постигна гол во убедливиот триумф на Наполи од 4-1 против Салернитана, Елиф Елмас одигра цел натпревар и беше меѓу најдобрите поединци кај домаќинот. Му асистираше на стоперот Хуан Жезус за првиот гол на мечот, а пред крајот на првиот дел издрибла пола противничка одбрана и изнуди пенал кој го реализираше Мертенс.

Елиф во сите натпреварувања сезонава за Наполи има 6 гола и 5 асистенции.

Главниот судија на мечот прво го поништи првиот гол на Наполитанците поради наводен офсајд, но подоцна утврди дека голот на Жезус на асистенција на Елмас е чист:

Продорот на Елмас со кој изнуди пенал откако ја измеша противничката одбрана: 

23 јануари 2022 - 17:27