Седумте потези со кои Алегри го сруши Атлетико

Макс Алегри сега ќе продолжи да работи со идејата да стигне до финалето во Мадрид, пред да му се посвети на семејството и на морето во Ливорно. Тој не од вторникот, туку откако тренира на одредено ниво го претставува модерниот израз на италијанскиот фудбал. Влегува во друштво на Трапатони, Капело, Липи, Анчелоти, не случајно најуспешни според титули и признанија.

ПОДГОТОВКА

Го наполни шишето за 20 дена. Тоа е чисто како метафора од поразот во Мадрид до големиот триумф на реваншот. Обично успешните тренинзи се гледаат од почетокот на неделата па сè до мечот, а не само тренингот пред самиот меч. Алегри работеше напорно три недели по онаа ноќ на стадионот Ванда Метрополитано, каде играчите му делуваа исцрпени и без сила да реагираат. Но ден по ден, голтка по голтка го полнеше шишето и на крај го наполни. Оној кој делуваше неподготвен овој пат беше Симеоне и неговите пулени.

ТАКТИКАТА СО ЕМРЕ ЧАН

Потегот со Емре беше тежок за читање. Фудбалот е составен од трчање и движење, кои понекогаш не се совпаѓаат со броевите или се разликуваат според толкувањето. Алегри на Емре му даде дупла работа, а тоа е да биде и централен дефанзивец кој ќе му оди на Мората. Го чуваше превентивно за да го спречи да ги прави неговите препознатливи влезови или да се мести да ја забие со глава. Резултатот вели пет добиени воздушни дуели од можни седум. Одбраната на Јуве изгледаше со тројца, се претвораше во четворка, но и во петка кога во првите 20 минути од притисокот Шпанците не можеа да излезат од својата половина.

ПОРАЗ НА СИМЕОНЕ

Напаѓаш подобро ако се браниш добро. Како така? Епа ќе го ограничиш непријателот и ќе го спречиш и поразиш во тоа во што е најдобар. Тука се виде величината на Алегри. Го предизвика Симеоне и му ја украде идејата по која што е препознатлив: Силата, пресингот, играта тело на тело. Само така можеше да се стави во криза Атлетико. Да ја прифатиш физичката конфронтација и да победиш во неа за разлика од првиот дуел каде Јуве се сруши поради замор и исцрпеност. Никој не очекуваше таква опсада. Играта на Чоло се состоеше од тоа низ годиниве, преку пожртвуваност и валкање на играта да управува со топката и резултатот.

ПРЕСИНГ

Постојано и фуриозно притискање на противникот, без здив. 13 Бјанконери, 11 плус двајца од клупа беа избезумени 90 минути. Направија многу малку паузи во однос на таа игра. Една кон крајот на прво полувреме, а другата на половина во второ кога Спинацола излезе за да влезе Дибала. Тогаш Алегри мораше малку да смени на тактички план. Јувентус држеше таков интезитет во играта, невиден до сега. Одеа на топката за да ја украдат, да си ја вратат назад и веднаш да нападнат. Тоа го правеа на половината на Атлетико и во среден ред.

КВАЛИТЕТ

Велат Јуве со Алегри не игра добро, а друг знае да им одговори: Ако знаеш како да ја третираш топката и имаш високо ниво на квалитет, како што е со топ играчите, тогаш автоматски знаеш да играш добро. Затоа што идејата на тимот, во начинот на одбрана и во изборот како да нападнеш се спојува со генијот на шампионите. Совршениот натпревар на Јуве помина со прецизни концепти кои ги предизвика Алегри на долг период. Атлетико се брани со две линии на кои има по четворица. Им беа потребни промени во играта и на едната и на другата страна за да им проработат крилата.

ФАКТОРОТ КРИСТИЈАНО РОНАЛДО КОЈ ЈА НАПРАВИ РАЗЛИКАТА

Три гола, два со глава и еден од пенал за да го сруши историскиот ривал и да избегне продолженија каде инерцијата можеше да се премести на страната на Атлетико. Роналдо го реши тоа, а од него и се очекуваше. „Јас сум тука за тоа“, одговори по мечот. Тоа е неговата способност и талент со кои ги крие своите 34 години. Околу 25 минути делуваше затворен, но трпеливо ја чекаше својата шанса.

МОТИВАЦИЈА

Целиот кошаркарски свет плачеше за заминувањето на Алберто Бучи кој почина пред неколку дена. Не беше само голем тренер, туку пред сè господин од едно друго време со изразени човечки и сентиментални вредности. Со своите играчи тој успеа да создаде природна емпатија. Макс многу сака кошарка, а Бучи беше негов пријател. Често разговараа и си разменуваат мислења. Алегри го сметаше Бучи за пример за тоа како треба да се комуницира и дел од заслугите на своите играчи му ги препишувал на него.

14 март 2019 - 16:57