Сари се вади дека не го видел Гвардиола, затоа не се поздравил

Откако Сити со историски 6-0 го демолираше Челси синоќа, по крајот од мечот италијанскиот стручњак тргна кон соблекувалната и додека Гвардиола му пружаше рака, овој само го одмина. После во соблекувални се решил проблемот.

Англиските медиуми открија дека Сари после дербито, влегол во соблекувалната на Сити за лично да му честита и да се ракува со Пеп. 

„Ние двајца имаме одличен однос, обично летно време ручаме заедно. Се надевам дека ме цени и како тренер, не само како другар“, изјавил после натпреварот.

А Пеп џентлменски:

„Тој просто не ме виде мене, ние имаме добар однос, нема никакви проблеми.“

Подоцна на прес конференцијата италијанскиот тренер на клупата на Челси дообјаснил:

„Јас не го видов во моментот, обично се поздравуваме подоцна. Јас само сакав да отидам во соблекувалната и не го приметив. Никакви проблеми нема.

Новинарите го прашале Сари и за иднината по дебаклот на „Етихад“:

„Ако претседателот заѕвони, ќе бидам среќен, но јас никогаш ништо од него не слушам. Дали е тоа во ред, не знам, ќе го чекам.“

Во кратко флеш-интервју за Sky Sports го прашале за евентуална средба со управата неделава:

„Мислам така и треба. Јас одговарам за екипата, така треба да биде. Сега не знам, но мислам дека ќе се случи средба зошто тоа е нормално“.

На прес-конференцијата прво прашање било: не мислите дека ќе ве избркаат?

„Јас не знам, не знам, вие треба да прашате во клубот.“

Годинава Сари ретко дава подробни коментари. Тој најчесто ја критикуваше екипата и поедини играчи (например Азар). Но по дебаклот од Сити, немал зборови.

„Сега не сум спремен да давам објаснувања, затоа што цела недела имав добар однос кон тренинзите, имав добар однос синоќа и пред мечот. Не знам дали после примен гол во 3’ минута од таков противник воопшто може да се игра.

Огромната разлика меѓу двата тима се виде во интензитетот на пресингот. Тие здраво притискаа, интензивно, ние не бевме спремни на такво нешто.

Натпреварите во гости сега се проблем за нас. Не знам, на почеток на сезоната игравме подобро отколку дома. Но во последниов месец се се смени, мора да работиме на тоа. Не е лесно, но знаеме во што е работата“, заклучил некогашниот тренер на Наполи. 

Челси првпат после 1991 година прима шест гола. Во април таа година изгубиле 7-0 од Нотингем Форест предводен од Брајан Клаф.