Сан Марино, лигата во која за настап ви требаат само две едвај функционални нозе

Да речеме дека постои човек кој во една сезона успеал да изгледа по еден натпревар во сите лиги во Европа. Ништо не раскажува за нас, што е добро, бидејќи очигледно има и бетер.

Мет Вокер го искусил тоа што веројатно би сакале да го почувствуваат повеќете или сите фудбалски фанатици. Во период од една сезона успеал да изгледа миниум по еден натпревар во сите 55 лиги во Европа, чии земји се членки на УЕФА.

Тој не раскажува за тоа поминал во Премиер лига или Серија А, туку се осврнува на лигата каде има жители колку третина Камп Ноу. 33.400. Па сега вие видете колку мача мачат да извадат еден Пандев. Па каков Пандев, таму игра кој не е уморен после работа.

Вака изгледа неговиот првичен опис:

Сан Марино е како Оландските острови кои имаат своја лига. Потребни ви се само две едвај функционални нозе и возраст меѓу 18 и 40 години. Јас има 41, но Сан Марино беше мојата најдобра шанса каде можев да одиграм натпревар на моите патувања.

Според клупските резултати, тоа е најниско рангираната лига во европска конкуренција во претходните пет сезони. Само Косово, која не можеше да собира поени се додека не стане членка на УЕФА во 2016-та, имаше помал коефициент.

Моите шанси за да влезам во игра дополнително се подобрија откако изгледав меч од последната рунда во регуларниот дел од сезоната. Избрав еден мртов натпревар, Мурата против Виртус. Првите се најлош тим во Европа. Имаат едно реми и 18 порази, како и гол разлика -50.

Сан Марино има ограничување од седуммина странци, така што тешко дека ќе остават место за јас да влезам. Дури и Италијанците се класифицирани како странци, освен ако не живеат во земјата.

Форматот на лигата им е најнеобичен во Европа со 15 екипи поделени во две лиги, 8 во едната, 7 во другата. Првите 3 од двете лиги се борат за титула и излез во Европа во 6 кола.

Го имаат и најлудиот тајминг на почнување, во 21:15. Исто како што е во Андора и Гибралтар, повеќето од играчите преку ден одат на работа.

Дел од нив се обидуваат да соберат искуство во аматерски, полупрофесионални и професионални лиги во Италија. Други пак играат само во Сан Марино, затоа што полесно се справуваат со трите основни обврски: работа, семејство и фудбал.

Ги прашав и што прави Давиде Гуалтиери, легендарниот репрезентативец на Сан Марино кој на квалификациски меч за СП 1994 и даде гол на Англија во 9-та секунда, по што овие им вратија со седмица.

Работи некој компјутерски бизнис и плус е снабдувач за фудбалската федерација. Сите од странство кои зборуваат за него го викаат “Гуалтери, 9 секунди“. Неговата слава се проширила и во Шкотска каде живее брат му. Шкотланѓаните го частеле јадење и пиење кога разбрале чиј брат е.

Мечот меѓу Мурата и Виртус се играше на теренот на Флорентино, околу 5 км надолу од историскиот центар на градот. Проценката на Лука од федерацијата која ме придружуваше на стадион, беше дека тоа се 30 минути пешки, но јас секогаш сум бил скептичен во однос на одењето пешки, особено во толку згуснат сообраќај.

Сан Марино всушност да ти биле кралеви за автомобили. Во 2014-та според Светска банка, оваа земја е наведена со најголем број на коли по глава на жител (1.263 на 1.000 луѓе). Наскоро открив дека тие се најголема опасност.

Патот не им е дизајниран баш за малкуте пешаци и морав да внимавам секогаш кога ќе поминеше некој со кола. Стварно не сакав да умрам во Сан Марино, бидејќи требаше следниот ден да патувам за Луксембург.

Натпреварот ми донесе еден вид ретро чувство. И двата тима излегоа во дресови со броеви од 1 до 11, се разбира според позицијата на која играат. Јас навивав за Мурата, трикратни прваци во средина на 2000-та кои сега имаат финансиски проблеми и поради тоа не успеале да купат квалитетни играчи.

Едно време го имале Алдеир од Рома кој играше и за Бразил. На 41 година настапил 10 пати. Во 2008-ма пак имале обид да го ангажираат Михаел Шумахер за да ги засили во квалификации за ЛШ.

Фудбалерите на Мурата беа нервозни уште од самиот почеток и на полувреме губеа 6:1. Крилниот напаѓач Тедеско стигна до хет-трик со најубавиот гол на вечерта, волеј со лева. Мората – Виртус конечни 8:1.

Само 22-ца, едно куче и една мачка на поминување го гледаа овој меч кој за мене од сите патувања имаше најголема реализација и најмалку публика.

Виа

24 октомври 2019 - 15:56