Само 1 милион евра проневера во ФФМ

Кола за нејзе, кола за сопругот, кола за синот кој студира во Италија, три пати годишно на одмор на скапи места и не само тоа. На слава имала келнери, а на матурска кај синот пеела Северина. Ова тешко некако од плата а?

Овие благодети ги имала госпожата на сликата кој била раководител на финансискиот сектор во ФФМ од каде и поднесоа кривична пријава во Обвинителство.

Се терети за злоупотреба на службената положба и овластување, за перење пари и други приноси од казниво дело и измама во службата. Од федерација прво ја суспендирале, а потоа и дале отказно решение.

Младеноска се сомничи дека ги менувала фактурите на ФФМ за да стави в џеб што повеќе пари од ФИФА и УЕФА и за две години го оштетила буџетот на куќата на фудбалот каде работи за повеќе од 1 милион евра.

Од ФФМ веднаш пријавиле и во ФИФА и УЕФА.

Со Тони Монтата наслови излегоа некои од соседите.

17 јануари 2020 - 14:35