Роналдо нокаутираше жена со топка, ама и се оддолжи

Кристијано погоди две мети во Швајцарија, голот на Јанг Бојс и жена од редарската служба, која стоеше зад гол и која се струполи од ударот. Има и видео.

Несреќниот момент се случи за време на загревањето на кое се гледа како Роналдо го вежба шутот, но го промашува цел гол и ја гаѓа жената во глава.

Од фотографиите може да се забележи како фудбалерот на Манчестер Јунајтед оди кај нејзе за да види дали е добра.

Инаку Роналдо синоќа даде трет гол за својот тим по кам бекот, откако го отвори резултатот во 13-та минута.

Настапот против Јанг Бојс му беше број 177 во Лига на шампиони со што се израмни со Икер Касиљас на првата позиција.

Втор е Чави со 151, а трет Меси со 149.

Инаку жената е добра, а да не го осетеше ефето на Роналдо, немаше да си оди дома со подарок.

Видео од ударот 

 Крајниот резултат на Роналдо, сепак е поразителен.

15 септември 2021 - 08:50