Роденденот на Икер Касиљас ќе стане Ден на голманите во Шпанија

Кралската шпанска фудбалска федерација реши со голем гест да го испочитува ликот и делото на легендарниот Икер Касиљас којшто неодамна на тренинг во Порто доживеа срцев удар и веројатно ќе ја заврши кариерата.

Непријатната вест за срцевниот удар кој Касиљас го доживеал брзо се прошири, па илјадници спортисти, негови колеги и навивачи му изразуваа желби за скоро опоравување и добро здравје.

Некогашниот голман на Аргентина и Атлетико Мадрид, а денес помошник тренер на Диего Симеоне во едно интервју изјавил:

„Пред се, сакам да му посакам на Икер брзо опоравување и би сакал денот 20 мај (роденден на Икер) да биде прогласен за „Ден на голманите“.

Оваа идеја на Бургос била прифатена во Шпанската куќа на фудбалот и тие решиле да го прогласат овој ден за ден на „единиците“ којшто ќе се одбележува со пригодни манифестации посветени на голманите во Шпанија.

Касиљас на 20. мај го прослави својот 38 роденден. Во неговата сјајна кариера тој бранеше на 719 натпревари од кои на дури 277 не прими гол. Икер Касиљас долги години беше капитен на Реал Мадрид каде се прослави со безброј неверојатни одбрани.

Навивачите на Реал Мадрид за време на последниот домашен натпревар сезонава, заедно со играчите го поздравија Икер и му посакаа добро здравје.

23 мај 2019 - 13:14