Ритуалот на Модриќ после секој натпревар

Лука Модриќ има 14 трофеи со Реал Мадрид од кои 4 титули во ЛШ, а скоро ја освои и Златната топка. Но човек кој игра за Кралскиот клуб со кој згази низ годиниве, не значи дека знае сè за фудбал.

И на 33 години, со целиот тој клупски успех во Реал, како и обединувањето на четирите индивидуални признанија, нешто што не му успеало на друг играч, Лука Модриќ прави нешто кое веројатно е својствено за помладите играчи во фаза на формирање.

Тој не чека инструкции и критики само од тренерот, туку се усовршува на свој начин кој му помага да си ги корегира грешките.

Најпросто кажано Лука Модриќ после секој натпревар ги гледа настапите на Лука Модриќ, а тоа го тврди неговиот поранешен соиграч во Динамо Загреб, Зоран Мамиќ, братот на тоа битангата.

„Во историјата на хрватскиот фудбал имаше многу големи играчи, но никогаш никој не направил тоа што го направи Лука. Ми беше задоволство да се играм со него откако се вратив од Германија во Хрватска. Игравме заедно во Динамо од 2005-та до 2007-та година. Потоа станав спортски директор и бев инволвиран во неговиот трансфер во Тотенхем“.

„Лука има посебен карактер. Замислите, дури и денес, на 33 години со тоа искуство и знаење кое во има, после секој натпревар оди дома и одма го гледа и си го анализира настапот на снимка, за да види што прави добро, а што лошо.Тоа што го направи во Хрватска нема да му успее на никој уште 50 години“.

Мамиќ зборуваше и за тешкото минато на Модриќ, но и неговиот победнички менталитет.

„Модриќ отсекогаш беше сјаен играч, но не баш каков што е денес. Напредуваше со текот на годините, особено во англиската и шпанската лига. Тој доаѓа од сиромашно семејство, а за време на војната во Хрватска мораше да избега од своето место и дојде во Динамо кога имаше само 14 години. Периодот во војната за него беше многу тежок. Го загуби домот, членови на фамилијата, гледаше како му го убиваат дедото и тоа за него претставуваше огромна траума.

Но неговата посветеност на фудбалот, напорната работа и менталната снага, чекор по чекор го однесоа до најголемото остварување. Тој отсекогаш беше победник и на секој тренинг и натпревар одеше на победа. Тоа е тој победнички менталитет поради кој стана толку голем играч. Лука е лут кога губи, многу лут“, вели Мамиќ.

11 декември 2018 - 09:53