Решен спорот меѓу комшијата на стадионот на Челси и Абрамович

По неколку перипетии, фудбалскиот клуб Челси конечно ќе може да почне со изградбата на новиот стадион кој ќе изнесува 1 милијарда фунти. Што бил проблемот со комшијата кој живее до стадионот?

Секој човек сака дом со добра дневна светлина. Ама ако еден ден комшијата до вас реши да гради голем објект, тогаш почнуваат маките. Со тоа што не сечии маки се исти зошто некој за комшија го има Роман Абрамович, газдата на Челси и еден од најбогатите луѓе на светот.

Во мај минатата 2017-та фамилијата Кроствејт од Лондон која живее на само неколку метри од митскиот „Стемфорд Бриџ“, кога сфатила дека новиот стадион со капацитет од 60.000 места ќе им ја згасне дневната светлина кон нивниот дом, решиле да кренат глас и да не дадат зелено светло за градба.

Кроствејт поднеле неколку жалби до судовите и инспекторатот за градба со цел изградбата на новиот стадион на „Blues“ да се одложи до 2023-2024 година.

Роман Абрамович во прв обид да „се најде“ со комшиите, им понудил 1 милион фунти за тие да дозволат да почне изградбата на новиот ултра модерен објект, но семејството барало неверојатни 20 милиони евра.

На крајот по една долга процедура и преговарања, клубот успеал да се договори со фамилијата од соседството: Не се знае за колкава сума пари, но со оглед на тоа дека се работи за Абрамович, ќе спијат мирно и без светлина со длабоки џебови.