Раде Богдановиќ за Пикси: Не сум видел некој полошо да води меч на големо натпреварување

После сите големи очекувања, српската фудбалска јавноста е бесна поради првите две изданија на Србија на Мундијалот, особено денешното по кое им се заканува испаѓање уште во групна фаза. Најострата критика пристигна од студиото на РТС.

Поранешниот југословенски репрезентативец, Раде Богдановиќ ниту еден грам не го поштеди селекторот од вина за нерешениот резултат од 3:3. 

Во анализа на РТС, тој вели дека не може да сфати како може да се прокоцка водството на Србија против Камерун од 3:1 и директно и остро се осврна на Драган Стојковиќ Пикси.

„Денес одигравме натпревар без селектор на клупа. Никогаш не сум видел некој да води полош натпревар на големо натпреварување од Драган Стојковиќ Пикси. Тимот ви се враќа на 3:1 и вие оставате петмина да притискаат на висок пресинг. На никој нема да му влезе во глава, што сакаше да направи човекот“, вели Богдановиќ.

Лудачко 3:3 меѓу Србија и Камерун

Трите големи утки на Александар Митровиќ

Пикси: Високото излегување на нашата одбрана на 3:1 е забрането и аматерски на ова ниво

28 ноември 2022 - 15:20