Приказната за најчудниот фудбалски натпревар

Има една урбана легенда од Карибите која не е мит, туку жива вистина. Поткрепена е со видео доказ и инфо на Википедија и немојте да очајувате ако не ја сконтате од прва, бидејќи е стварно необична, единствена и неповторлива.

Натпреварот неделава слави 25 години јубилеј, бидејќи датира од 27 јануари 1994-та година, а ние ќе се обидеме да ви го објасниме колку што е можно поедноставно.

Се работи за квалификациски меч од Карипскиот Куп 1994 во кој среќаваат Барбадос и Гренада. Битката е за прво место во група кое Барбадос може да го освои само на еден начин, а тоа е да ја тепа Гренада со два гола разлика. Во спротивно Гренада ќе заврши како лидер.

Што се случува?

На фудбалерите на Барбадос им оди сè според планот бидејќи во 80-та минута го имаат потребното водство од 2:0. Само три минути подоцна Гренада дава гол, намалува на 2:1 и им ги руши плановите.

И покрај тоа што сега сигурно мислите дека Барбадос фино лепо ќе тргне агресивно во напад за во завршните 7 минути од регуларни 90 да стигне до посакуваните 3:1, се случува тешка хаварија.

Барбадос место 3:1, дава гол за 2:2, значи автогол. Планот им е победата од два гола разлика да ја обезбедат во продолженијата.

Мечот не можел да заврши нерешено, па затоа предвидени се продолженија два пати по 15 минути, а ако треба и пенали.

Ама зошто побогу ќе одат на гол во продолженија, а на веднаш. За цикузот да биде поголем, а натпреварот епски, ќе се погрижи следново лудачко правило на овие квалификации:

Златниот гол се смета како два гола.

Најкомичниот дел од средбата настанува по автоголот на Барбадос за 2:2 во 87-ма минута. Од тој момент Барбадос не смее ни да прими гол за 2:3, ни да даде за 3:2, затоа што и двата резултати им одговараат на Гренада.

Додека Гренада се обидува да постигне гол на било која страна, Барбадос ги чува и двата. На својот гол го држи голманот со уште четворица играчи, а сите останати ги става да стражарат на другиот. На средина нема никој.

Најјакото е што на Барбадос тактиката им успева, а во продолжение го постигнуваат златниот гол за конечни 4:2 и освојување на првото место.

Среќа што постои Јутјуб, инаку немаше да ни верувате.

23 јануари 2019 - 14:21